Виолета Томовска е без сомнение една од најголемите пејачки имиња кај нас.
Во изминативе 60 години сними над 1.000 песни, одржа огромен голем број концерти во земјава и во светот, и издаде плочи со тиражи од над 100.000 примероци.
Виолетаа е на сцената повеќе од 60 години, и во една прилика за порталот 7дена.мк изјави дека многу би сакала да организира свој концерт, но не може тоа да си го дозволи со својата пензија.
– Имам снимено нови песни, но не сум ги промовирала. Чекам да се организира нешто поголемо, па тогаш. Ако се организира. Но, сепак, треба да се направи нешто и за нас пејачите што сме на зајдисонце.
Јас не можам сама со мојата пензија да организирам концерт“, изјави Томовска во 2018 година. Taa тогаш додаде дека се надева оти за 60 годишниот јубилеј ќе успее да направи поголем концерт.
-Се омажив многу рано, на 19 години, да не останам немажена . Маж ми беше камерман, па и тој многу патуваше, и јас. Имавме динамичен живот. Имав можност да одам на многу турнеи.
Почнав да купувам облека од странство. Секогаш бев практична при купувањето, да можам да комбинирам со повеќе работи, а особено на овие години внимавам на тоа.
На пример, на едно здолниште, два блејзера, за да можам да менувам. Некои работи пак, си стојат сѐ уште, бидејќи сум немала како да ги комбинирам, но и не било проблем, бидејќи сум била млада – раскажа Томовска во интервју за „Фешнел“.
Но, да сме здрави и живи до тогаш. Важно е што ме држи грлото“, рече оптимистично Виолета чија песна „Молитва“ е вистински евергрин.
Првата дама на македонската народна музика, во октомври минатата година е одликувана со Медал за заслуги од претседателот Пендаровски за афирмација на македонското музичко творештво.
На 38 години во екот на популарноста, се разболе од кан цер на двете дој ки. Четириесет години подоцна, иако во пензија, по 60 години кариера, тааа е здрава и полна со енергија.
Со помош на здружението „Животна искра“ им помага на жени, мажи и деца кои ја имаат истата мака која ја имала и таа. 4 февруари беше светски ден за борба против оваа болест, кој се обележува цел месец.
-Откако го победив рак от, не мислам на болеста. Мислам само на позитивни работи, главата колку што можам ја полнам со позитивни мисли, се дружам со семејството, пријателите и им помагам со совети и поддршка на заболените од ка нцер.
Без оглед дали станува збор за ра к на до јка и на други органи, заболениот човек треба да расчисти сам со себе и да ги избегнува негативните емоции. Болеста не прашува за години и пол.
Може секому да му се случи. Колку и да е тешко таа да се прифати, па и мал игна да е, најважно е соочувањето и борбата со неа. За жал, во изминативе неколку години бројот на заболените е во пораст.
Причините за неговата појава се многубројни, а тоа што секој мора да го знае е дека и покрај безизлезната состојба во која запаѓа болниот, има надеж, а таа се наоѓа во него.
Некои од жените просто се изненадени од моментот дека и ним тоа им се случува и не знаат што понатаму“, рекла Виолета во интервју за Независен.мк во една прилика.
Во Панееа, таа ја раскажала целата приказна: Седев во кабинетот на професорот, и кога топј одеднаш викна: Што е ова, каде живееш ти, во село?
Ја погледнав ќерка ми и ѝ реков: Не се секирај нема ништо. Попладне ги земав резултатите и кога сопругот ме возеше во автомобил, го отворив и прочитав:
Ту морозно ткиво на едната и на другара страна. Прво што му реков на сопругот е каде ќе ме носи на опе рација“, раскажала Виолета за своето искуство.
Ја одбрав Љубљана, стигнав насмеана. Се опе рирав на 18 јуни, а на 6 јули се вратив во Скопје“, раскажала Томовска за Панацеа.