Naslovna Zivot Дента биле заедно, само неколку часа пред да се случи најлошото –...

Дента биле заедно, само неколку часа пред да се случи најлошото – братот на Милан Завков откри што се случило

Доцна синоќа, низ медиумите и социјалните мрежи, проструи тажната вест, за прераното упокојување на инструменталниот виртуоз, маестро Милан Завков.

Својата животна приказна, овој почитува музчар кој ненадејно се упокои, ја раскажал во едно интервју за ТВ 24, кое во тое време го направила новинарката Јана Серафимова.

– На 8 роденден добив хармоника, тука веќе почнува љубовта кон музиката, тука бев заедно со моето семејство, сите беа надарени за музика. Мајка ми бепе еден од првите радио пејачи, татко ми беше хармоникаш.

Брат ми, и ден-денес сме заедно, тој свири гитара, јас хармоника, заедно сме композитори, значи се во склоп на музиката- изјави Завков во едно интревју за ТВ 24 за брат му Тодор Зафиров.

Потоа, се присети на неговото детство кога почнал во Танец во детското стдуио. „Бев мал кога дојдов овде и ете така ми било пишано, до ден-денес да бидам во ансамблот Танец.

-Во Танец кога бев дете беа членови сите пејачи- Александар Сариевски, Петранка, преку контакти, преку концерти, преку познаства со овие пејачи, мојот талент беше откриен.

Нормално, уште како мал почнав со нив да соработувам со нив, тоа се професионалци, доајени во македонската музика. Така да од тогаш направив многу снимки, и имам соработка со сите наши врвни пејачи во фолк музиката“, рекол Завков во ова интервју.

Потоа, кажал дека како млад се занимава со фудбал, и бил дел од ФК Вардар, и дел од таа приказна, тој сподели во ова интервју:

-Пред запишувањето во средно музичко, бев три години во пионерскиот тим на Вардар, фудбалот беше моја љубов, и ден-денес е моја љубов, одам на сите утакмици на Вардар и на нашата репрезентација.

Пред да го запишам средното музичко училиште, требаше да одлучам дали ќе продолжам со фудбалот или ќе бидам музичар. Сепак, преовлада музиката, фудбалот остана како моја љубов.

Не ми е жал што ја одбрав музиката, затоа што денес, со посебно задоволство ја работам оваа професија“, рекол Завков за оваа негова животна раскрсница, и за одлуката која му го сменила животот.

Братот на Милан Завков, во изјава за порталот Женски Магазин, објасни што се случило вчера.

-Не можам да поверувам што се случи. Двајцата бевме на одмор и вчера ни беше прв ден на работа. Речиси цел ден бевме заедно. Разговаравме, правевме планови поврзани со музиката. Отидеовме на ручек, ја пренесува Женски магазин изјавата на братот на Милан.

-Беше многу расположен. Ние бевме многу блиски и секојдневно се дружевме. Никогаш не се пожали дека има здраствени проблеми. Делуваше здраво и имаше голема енергија.

Иако цел ден бевме заедно, ми се јави околу 19 часот. Долго време разговаравме, се шегувавме и се смеевме –вели Тошше и додава дека по два часа му се јавила сопруга на Милан

-Ми рече дека на Тоше не му е добро и веднаш да дојдам кај нив. Беше веќе доцна. Брзата помош во нивниот дом констатирала см -рт.

Се се случило одеднаш. Милн бил во своето студио, кое е во рамките на нивната куќа. Работел на неговите нови песни кои сакаше да ги пријави на фестивалите.

Дошол во салонот и само рекол дека го стега нешто во градите. Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот- низ солзи ни раскажал Тоше за Женски магазин.