Naslovna Zivot Андријана од „Ѕвездите на Гранд“ само по палто, а под него ништо,...

Андријана од „Ѕвездите на Гранд“ само по палто, а под него ништо, откри дали е сингл

Минатата година, во Ѕвездите на Гранд, многу се зборуваше за Андријана Петрушовска, атрактивната Македонка која беше најзгодната кандидатка таму.

Андријана Петрушовска го открила својот талент за музика уште како мало девојче и оттогаш сонувала еден ден да стане пејачка.

„Открив дека можам да пеам уште кога бев во основно училиште, потоа отидов во хорот и имав наставничка која многу ме сакаше.

Таа откри дека можам да пеам дури и ако одам во музичко училиште. Тогаш ја завршив средно музичко, а сега учам соло пеење, убаво е што никој од моето семејство не пее“, изјави неодамна Петрушовска.

Петрушовска стаса до финалето на Ѕвездите на Гранд, и за финалето избра долг црвен фустан со длабок шлиц, а можеше да се забележи дека под него не носи долна облека, што предизвика многу коментари.

Но, по натпреварот минатата година, се огласи и згодната Андријана на својот Инстаграм профил стави неколку интересни сториња.

Прво, се сликаше со Нермин и го нарече ,,бејби”. Потоа се сликаше со згодната Сања Кужет и кажа дека ја сака.

А сторито кое најмногу привлече внимание е она со Цеца, каде што Андријана ѝ е седната во скутот.

Таа во првиот круг се претстави со песните „Не дам на тебе“ и „Ти можеш се“ и освои вкупно четири гласа.

Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Ана Бекута и Цеца Ражнатовиќ го потврдија својот глас и сакаа да бидат на ментор на Македонката.

Иако кога само кандидатот има шест гласа, може да бира кој ќе биде ментор, Саша Поповиќ овој пат направи исклучок и дозволи на Петрушовска сама да бира, а таа го одбра Ѓорѓе Давид.

Додека Андријана се подготвуваше за вториот круг во музичкото шоу, таа имаше и убав повод за славење.

Имено, атрактивната македонска славеше роденден. Таа позираше покрај роденденска торта и букет со рози. За оваа прилика Андријана одбра фустан во сина боја кој одлично ја истакнуваше нејзината фигура и нејзиното заносно, згодно тело.

Со отворено мало деколте и откриеени нозе, скопјанката изгледа како вистинска риба.

„Ѕвездата на Гранд“ позираше во клекната поза во краткото фустанче, а во фокусот ,,паднаа” нозе.

Андријана ги дувна и свеќичките за среќен роденден. Обичајот вели пред да ги дувнеш роденденските свеќички треба да си замислиш желба, дали Андријана си замислила или пак посакала да победи во „Ѕвездите на Гранд“ остана мистерија, но не остана тајна колку години наполни – 22.

Македонската пејачка Андријана Петрушовска дефинитивно ќе остане запаметена по своето учество во „Ѕвездите на Гранд“. Можеби и не толку по пеењето, зашто таму речиси сите пеат одлично, а некои и повеќе од тоа, колку по својот изглед.

Згодната Македонка дефинитивно една од највпечатливите учеснички во најпознатото и најгледано региоално музичко талент шоу.

Атрактивна, стројна, бујна, со витко тело, долги нозе и завидни облини, Андријана дефинитивно знае како да го истакне сиот својот сек сапил со кој покрај пееето, ги „купува“ и гласовите жирито и симпатиите на публиката!

Она со што мајката природа ја надарила, 22-ногодишната убавица знае како да го „спакува“, па длабоките деколтеа кои и ги истакнуваат градите, високите шлицеви или мини фустанчињата во кои до целосен израз и доаѓаат долгите нозе, се дел од стајлингот кој го комплетира сек сапилот на заводливата пејачка.

Финалистката на „Ѕвездите на Гранд“ остави белег во конкуренцијата со одличните настапи, но и со моќниот глас и фигура.

Од круг по круг имаше неверојатни костими кои привлекуваа внимание, а со тоа покажа дека го има целиот пакет кога е во прашање сцената, за што редовно добиваше комплименти.

Таа редовно објавува фотографии и видеа на Инстаграм, а што има на располагање покажа со слики во бикини минатата лето. „Топ модел“, „Совршенa“ и „Брутална“, се само дел од коментарите под овие објави.

-Среќна сум и благодарна за сè што имам. За својата среќа одлучувам само јас и партнер не ми треба за да бидам среќна или емотивно исполнета.

Доволна сум си сама на себе, како и мојата фамилија и пријатели кои ми се огромна поддршка во сè што правам“, изјави Андријана за себе и со тоа кажа дека е сингл.

Сега, таа објави уште една своја интересна слика, на која е облечена само во палто и под него нема ни пантолони ни сукња.

Андријана која претходно рече дека е сингл, сега на Инста напиша: Навистина се фокусирав на мене.