Пејачката со оригинален имиџ и глас, Сара Мејс и водителот кој е маркетинг менаџер, Димитар Атанасовски се еден од најинтересните парови на домашната сцена.
Пред пет ипол години години, тие направија уникатна свадба која ја отворија со интересен танц кој го научија во емисијата „Танц со ѕвездите“, а гостите беа воодушевени од нивниот настап.
Пред четири ипол години, се роди нивната ќерка Илина, во септември во 2018 година, а оваа година, во јули, Сара го роди синот Кирил.
Тогаш, Димитар и Сара направија откачена фотосесија и дадоа интересна изјава дека ако ќерката се роди на 8 септември, ќе се вика Северина, алудирајќи на промена на името на државата на крајот на септември истата година.
Сара,три години откако ја роди Илина изгледаше одлично, таа со специјален начин на исхрана ја врати старата линија, а изгледа и сега, откако го роди синот Кирил.
Сара по повод светскиот ден на харфата, 20 октомври во 2020 година, а во рамките на одбележувањето 300 години од создавањето на харфата, одржа онлајн концерт, каде што со свои настапи и дела се претставија најдобрите харфисти од светот.
„Многу сум среќна што ќе настапувам на „Светскиот ден на харфата“ и ќе ја претставувам Македонија.
Инспирирана од нашата македонска песна „Се посврши Сербез Донка“, напишав дело кое што го нареков „Donka of Macedonia“, рече Сара. Тој ден беше уште по нешто специјален ден за неа, таа го прослави својот 30 роденден.
По тој повод, Димитар и подари оригинално изненадување. Не можејќи да најде харфа за торта, тој ставил ренде за јајце кое личи на харфа.
„Само маж ми Димитар Атанасовски може да е волку инвентивен. Ренде за јајца место харфа“, напиша Сара објавувајќи фотографија од тортата.
Ќеркичката Илина и синот Кирил се секогаш со Сара и со Димитар, на најмногу уживаат во природа заедно. Со нив секогаш оди и нивниот миленик.
Сара за Женски магазин раскажа како таа и Димитар се запознале и како љубовта им трае до денес, но раскажа и дали има љубомора меѓу нив.
Се запознале многу одамна, кога Димитар ѝ правел интервју за тогашната емисија „Тротоар“. А неколку години подоцна по првото нивно запознавање се сретнале повторно кога Димитар отишол на нејзин настап во локалот „Штала“.
Потоа, нивната љубов продолжила кога се снимаше поуто Танц со Ѕвездите каде што и двајцата учествувале. Сара рекла дека се сеќава на секој детаљ кога за прв пат ја бакнал Димитар.
„Секој четврток после снимање на епизода „Танц со ѕвездите”, цела екипа од Танцот одевме во кафана, во “Крчма”….
И така еден од четвртоците се случи… Излеговме надвор, набожемски ќе зборевме нешто .… “.
Сме имале по еден испад (на љубомора) до сега и двајцата, ама љубовта победи на крајот. Во нашите професии да имаш љубоморен партнер е невозможно…
Или пак ако е така, тогаш сигурно ќе страдате и двајцата“, изјавила пејачката.
Сара и Димитар со децата во моментов се на зимски одмор во српскиот туристички центар Златибор, и таму уживаат во снежните авантури како големи вљубеници во зимските спортови.
Па така, на најновата објава на Сара, Димитар ја бакнува на снегот, и се гледа дека нивната љубов е се поголема и поголема, а оваа слика е можеби нивната најљубовна досега.