Naslovna Zivot Завеани во снег во мала куќичка на планина- еве каква авантура доживува...

Завеани во снег во мала куќичка на планина- еве каква авантура доживува Викторија Лоба со сопругот (ФОТО)

Девојка со словенска убавина и глас кој освојува – Викторија Лоба во интервју за Hybread.mk зборува за својот живот како дете во руски Танганрог, преселбата во Македонија, кариерата и идните планови во однос на музиката.

Заради обврските, Танганрог не го посетувам доволно често во последно време, меѓутоа кога одам таму се навраќам на детството, бидејќи до прво одделение живеев и учев таму, а од второ одделение живеам во Македонија, во Скопје.

Имам семејство таму и секогаш ми е убаво да се враќам. Срце полно емоции имам за тоа место кое што се наоѓа на Црно Море, градот на Чехов, основоположникот на драмата во светот.

Танганрог е град богат со културни манифестации, светол и убав град.

Го посетувам најчесто во лето на две недели бидејќи толку ми дозволува слободното време. Јас сум личност заљубена во својата работа и не можам да бидам долго без пеењето(се смее).

Имав навистина безгрижно детство. Ги правев сите оние работи кои децата ги обожаваат во тој период, возење велосипед, играње криенка со другарчињата надвор, а голема предност ми беше тоа што бев до море, па уште една активност во која уживав беше бањањето во морето.

Тоа беше време кога немаше социјални мрежи, така што можевме вистински да уживаме во детските денови.

Така беше и кога се доселив во Скопје. Многу брзо стекнав пријатели тука.

Децата многу лесно склопуваат пријателства, така што немаше време кога се чувствував како странец, осамена. Имав среќа да учам во добар клас каде што многу убаво бев прифатена.

На 17 години глумев во „Лолита“ во Драмскиот театар заедно со Александар Микиќ, Сашо Тасевски и многу други глумци. Тоа е одличен предизвик, така што доколку би добила понуда за филм, ако ми се допаѓа сценариото сигурно би прифатила.

Знаат дека сум таков карактер кој сака да има мала доза контрола на одреден дел од работите. Инаку, досега имам снимено многу реклами и спотови што значи дека имам искуство и во тој поглед.

Јас сум личност која што сака да им се „меша“ во идеите со режисерите, најчесто и го правам тоа кога сме на сет, кога ги снимаме моите спотови. Им давам предлози бидејќи сакам да оставам некој свој печат. Верувам дека ќе ми простат.

Денот го почнувам со тоа што правам смути од протеини, банана, замрзнато овошје и малку млеко – појадок кој ме држи сита.

Сакам да внесувам протеини бидејќи многу добро влијаат на мојот метаболизам. Исто така обожавам зелена салата, понекогаш (дури и за вечера) ми е доволна во комбинација со домат и краставица.

Многу спортувам, сакам да џогирам, сакам да се искачувам на планини, а во зима сакам да скијам. Сметам дека секоја девојка за да изгледа убаво, прво треба да се сака себеси, но и да се грижи за внатрешната убавина.

Треба да се најде баланс, во однос на грижа за своето тело. Спортот, во комбинација со правилна исхрана, добро расположение го дава идеалниот баланс. Знаете како велат – најубавите луѓе се оние најсреќните“, изјави за hybrid.mk Викторија.

Инаку, Викторија е со нејзиниот сакан Ѓорѓи долги години. Во една прилика, таа има изјавено:

Ние сме заедно 9 години, потписот во овој момент не би значел ништо. Но, Лоба и Ѓорши се предомислија и се венчаа се венчаа во Охрид минатото лето.

Лоба (33) се омажи за саканиот Ѓорѓи во црквата Свети Јован Канео. Во долга бела венчаница и со плетенка во косата, Лоба блесна на својот голем ден.

Венчаницата беше дело на дизајнерката Моника Коцарева, која е долгогодишна пријателка на Лоба. Потоа, тие направија и свадба во Скопје која била многу весела, а Викторија им пеела на своите гости.

Викторија е сега на зимување во ски центаропт Копаоник во Србија и има објавено слики од местото каде што е сместена во овој познат туристички центар.

Станува збор за дрвена куќичка, а снег има во изобилие Па така, Викторија прво објавила слика од куќата, па потоа од неа, и од сопругот Ѓорѓи.

Се гледа дека Копаоник и местото каде што се сместени се потрупани со доста снег, но на Лоба и насаканиот тоа не им пречи, тие како тазе младенци уживаат во оваа снежна идила.