Една од омилените актерки на народот, Тања Кочовска е во брак со актерот Предраг Павловски, и е мајка на Александар и на Нела.
Тања ја раскажа во една прилика целата своја љубовна приказна со својот колега во Женски магазин, на својот познат хумористичен начин.
– Ние сме сосема различни, а кај него во моментов сè ме неврира. Сега со коронава како што сме повеќе по дома, само нешто ни пречи, само нешто се боцкаме.
Всушност, ние постојано се боцкаме, затоа и толку се сакаме“, рече Тања за Предраг.
Таа и Предраг студирале заедно, но почнале повеќе да се дружат кога и двајцата почнале да работата во Тетарот за деца и младинци.
– Отидовме еден ден со секретарката и со Владимир Лазовски на ручек, тие си отидоа по некое време, јас и тој останавме. Цела ноќ се дружевме, и сабајле во пет часот тој мене ме побара за жена. Јас сум реков да, онака нели: Ајде, да.
Мислев дека со дете тешко ќе можам да се омажам. Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме“.
Тања Кочовска во едно Велигденско интервју за Женски магазин раскажала дека таа ја почитува традицијата, дека пости, и кажала дека Велигден обично го поминуваво Дојран, во куќа на пријатели.
-Ја почитувам традицијата. Без разлика на обврските, бојадисувам јајца рано наутро за сите на светот.Постев со години. Неколку години направив пауза. Но, оваа година повторно успеав да издржам пост.
– Мајката на мајка ми, била многу побожна жена. Дури била и две години на аџилак во Ерусалим. Затоа во семејството на мајка ми се почитувале и празнувале сите верски празници. Мајка ми ни ја пренесе таа традиција мене и на сестра ми.
Таа редовно одеше во црква на литургија и нѐ учеше да ги пееме црковните песни,што таа ги пеела кога одела во црковен хор.
Живеев со тетка ми 14 годиини. Бидејќи често се случуваше моите родители да бидат на турнеја за празникот, со неа, исто како и со мајка ми, го прославуваме Велигден„, изјавила Тања за Женски магазин.
Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски – Љац.
Таа во интервју за „Репортер“ раскажа за односот на синот со ќерката Нела, која ја има од вториот брак со актерот Предраг Павловски. Нела е исто така успешна млада актерка.
„Многу се блиски. Тие не се гледаат секој ден, Александар живее сам со девојката, а Нела живее со нас. Меѓутоа не давам да се оддалечат. Ќе направам сè да се борат еден за друг, да се сакаат и почитуваат.
Најпрво меѓусебно и нас да нè почитуваат, а потоа сè околу. Никогаш нема да дозволам да се скараат, особено не за имот“, вели Тања. Сега Александар се занимава со угосителски бизнис, а тоа е сендвич бар кој се вика „Да бе да“.
Тој на својот Фејсбук профил објавил видео каде што евроамбасадорот Дејвид Гир зборува за неговиот бар кој се наоѓа блиску од ЕУ инфо центарот, и вели дека често доаѓа кај него на чорба.
Кочовска во едно интервју за hybrid.mk, таа раскажуваше како се организира во текот на денот и колку многу ѝ значи нејизната професија и времето поминато во нејзиниот втор дом- театарот.
-Морам и се обидувам сè да завршам на време. Денот најчесто ми изгледа вака: станувам наутро, обавезно пред проба доаѓам во театар час и половина претходно, да се релаксирам, да пијам кафе, да дишам театарски воздух.
Потоа ми почнува проба, а по завршувањето доаѓам овде, играм претстава. Ако пробата ми трае пократко, во тој случај ги снимам синхронизациите и се така по ред. Генерално се обидувам да се движам по некој распоред кој ќе одговара на сите.
Тања е и фантастична пејачка, а како и да не биде кога потекнува од музичко семејство, нејзини родители се легенндарните „Мањифико“, дуото Невена и Панче Кочовски. Уште се памети нејзиниот огромен хит „Твојте очи мој сине“ од фестивалот „Макфест“, кој и денес се пее.
Невена за жал се упкои пред некоилку месеци. Тања Кочовска во мај минатата година стана баба. Имено нејзиниот син Александар и снаата Моника добија син кој ќе се вика Јоаким.
Да бе дааа, баба. И предраг дедо, Јоаким се роди, напиша Тања на Фејсбук, и објави две многу интересни слики од неа.
Тања објави слика како лежи пред болницата Аџибаден Систина, од среќа што нејзиниот син има потомок, а на другата слика таа е во костум од претстава. Тања се во животот прави на оригинален начин, па и веста дека стана баба ја соопшти така.
Алал да ѝ е на Тања колку весела баба е. Таа обајви слика како го чува внукот Јоаким, а со таква баба сигурно дека на дететот не му е здодевно.
Таа има направено откачена фаца, а од „колометри“ се гледа колку ужива во времето поминато со својот внук.
Тања Кочовска секогаш на свој и оригинален начин им ги честита родендените на своите сакани- ченови на нејзиното семејство, па така беше и овој пат, кога славеше нејзиниот сопруг.
Имено, Тања во една прилика кога Предраг Павловски славеше роденден објави нивна заедничка слика и напиша: Среќен јунаку мој, а за неговиот сегашен роденден, таа објави слика од Предраг од некоја претстава.
На неа, нашииот познат актер има мустаќи и по повод, Тања објавила негова слика и напишала: Среќен, јунаку мој, а под сликата, Предраг таа добила доста честитки за роденденот на сопругот.