Naslovna Zivot Стоја го покажа својот гардеробер, за ова богатство сонува секоја жена (ФОТО)

Стоја го покажа својот гардеробер, за ова богатство сонува секоја жена (ФОТО)

Пејачката Стојанка Новаковиќ, позната како Стоја често ги развеселува своите следбеници да се смеат на социјалните мрежи.

Таа често се шегува на своја сметка и коментира за тоа колку сака да јаде и не и е грижа за линијата.

Но, се чини дека пејачката која е популарна ба Балканот и во дијаспората сепак се ставила на режим и успеала да ослабе.

Стоја на својот Инстаграм во една прилика објави фотографија која ги воодушеви нејзините следбеници и обожаватели.

Имено, пејачката беше фотографирана во краток црн фустан и е видливо послаба. Освен што нејзините нозе се тенки, половината и е многу витка.

Иако во описот на фотографијата ја пофали и новата фризура, сепак таа не излезе во прв план како нејзина феноменална линија.

Во една прилика Неда Украден и Стојанка Новаковиќ Стоја ги покажаа своите лица во крупен план без шминка, а многумина не знаеја, судејќи според нивниот изглед, дека разликата во годините меѓу нив е повеќе од две децении.

Неда на својот Инстаграм профил покажа како изгледа без трошка шминка, а Стоја често објавува фотографии во опуштено издание на социјалните мрежи.

За Неда оправдано се смета дека е една од пејачките во зрелите години која изгледа многу помладо, па нејзините и фотографиите на Стоја предизвикаа бура на социјалните мрежи.

Многумина беа изненадени што разликата во години помеѓу овие две пејачки е цели 22 години, бидејќи Неда изгледаше исто со децении и може да одговара на многу помлади жени.

„Браво Стојо, жена без шминка е жена без комплекс“, „Стоја е врв, но кој би рекол дека Неда Украден е многу постара од неа“, „Мојот мозок не може да разбере дека Неда е постара од Стоја “, велат некои од коментарите.

Стоја, која веќе некое време не се појавува толку често во медиумите, ги изненади обожавателите со својот изглед.

Многумина се изненадија кога видоа како изгледа популарната фолкерка сега.

Стоја отсекогаш привлекувала внимание со своите екстравагантни стајлинзи, но секогаш била средена и ретко без шминка.

Како и да е, сега пејачката е фотографирана во лежерно издание и нејзините обожаватели изненадени реагираа: „Што и се случило?!“, „Таа се запуштила“, „Никогаш не изгледала вака“, „Што е со опашките?“ „… се коментарите на социјалните мрежи.

Пејачката Стоја Новаковиќ е позната како „жена од народот“ и како некој што не сака да се фали со својот материјален статус.

Стоја веќе неколку години живее со сопругот во Перлез, село во близина на Зрењанин во Србија, а неодамна се пофали и со омиленото катче од семејниот дом.

Имено, пејачката ја снимила својата луксузна гардероба која не е помала од големината на просечна соба. Во видеото таа ги покажа своите омилени комбинации, додека на полиците јасно се гледаат скапи чанти, бунди и луксузни чевли.

Ова несомнено е една од гардеробите за која сонуваат повеќето жени, а Стоја не одолеа да се пофали со своето мало домашно богаство.