Илина Арсова и Игор Џамбазов беа во голема љубов последниве три година. Планинраката и уметник која има искачено седум светски врвови и познатиот актер и шоумен беа доста се популарен пар во јавноста.
Игор Џамбазов вчера, во интерву за Сободен печат, кажа дека тие веќе не се задно, затоа што Илина замина во Америка на докторски студии, и таму ќе остане затоа што добила работа.
-Тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно.
Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.
И конечно, кога коро ната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“.
Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници.
Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години.
Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, кажа Џамбазов во ова интервју.
За нивната љубов, во една прилика има зборуванп Илина за Репортер.
-Јас последниве години, пола од времето го поминувам во Македонија, пола надвор. Патувам, работам, учам.
Јас имам проблем тука, бидејќи некако средината многу не кочи за да напредуваме, особено за оние работи за кои јас сакам да се надградувам.
Се сеќавм во Турција имаше на почетокот, не сум удрила срценце, не сум му ставила лајк кога ми пишал, и одма лут дечкото. А јас од сабајле пуна агендата.
Станувам, вежбам доручкувам, вежбам, одам на карпа, работам, пливам, јадам нешто на брзинка, и легнувам уте пана.
Ама, нормални луѓе, имаме малку повиоко ниво на свесност, за брзо време да ги сконтаме тие работи, како што на него му е чудно тоа мое постојано движење и патување, мене ми е чудна неговата пасивност.
Па, некој пат кога не ми е јасно во врска со тоа како неговиот живот е организиран, си го преслушувам вашето интерву тука што го имате.
Баш тоа беше непосредно пред ние да се сретнеме, и тука си го преслушувам од време на време, ако нешто не ми е јасно, може од време на време ќе ми се открие.
Тогаш рече дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа. Тоа беше во декември, а ние се сретнваме во април во Дојран.
А се имаме сретнато во Охрид чисто другарски, и нели целиот тој сплет на околности не спои.
И веќе, во однос на птретходното прашање и мојот номадизам модередн што си го нарекувам, имам сега целосна поддршка, значи минатиот пат бев три месеци отсутна. Јас му кажав на него: Па, не знам злато, еден месец ваљда.
Ама, бидејќи немав други обврски коишто ме врзуваат за Македонија, целата работа си ја носев со мене, бидејќи тој период од годината бев ангажирана да работам повеќе со сликарството, и бидејќи ми беше убаво секаде каде што патував, постојано имав некои ангажмани…
И тој самиот ми викаше: Колу што мислиш дека треба да останеш, да останеш, така што, веќе ја имам целата поддршка, што е многу битно. Некако многу природно ние се поврзавме, едноставно се дружевме во Дојран, и…
Знам дека многу се изненади кога ме виде. Јaс значи секој ден шетам, а гледам он постира нешто Сретеново, Дојран. Си викам: Кај постира овој цело време?
Секој ден шпартам од Мардаја до Стар Дојран и назад од сабајле тоа ми е рутинска прошетка.
А он тука на крајот од оградата, некое дрвце на плажата и пеликаните. И си викам: Еј, од кај му е ова место, пошто никад не сум налетала на него, не сум го видела. И така, еден ден слујачно се сретнавме.
Мислам дека е многу убаво тоа што сме двајцата креативци, кажа Илина за Игор минатата година.
Сега таа се огласи откако Џамбазов откри дека веќе на не се заедно.
На својот Инста профил, таа ги објавуваше своите нови уметничкии дела, и едно стори во кое ги покажа своите мускули и со него порача: Не се извинувај за тоа што си силен.