Naslovna Vesti Пендаровски доби поддршка во кабинетот – самиот објави фотографија од новиот член...

Пендаровски доби поддршка во кабинетот – самиот објави фотографија од новиот член на неговото опкружување

Претседателот Стево Пендаровски и вработените во Кабинетот останале без плата за јануари, пишуваа медиумите во петокот.

Проблемот настанал откако Кабинетот согласно Колективниот договор што го потпишале со синдикатот, годинава ги покачиле платите на државните службеници вработени кај Претседателот за 5 %, но финансии оценило дека тоа е надвор од предвидено со Буџетот за 2023…

Сепак, од Кабинетот образложението го сметаат за неосновано, бидејќи не барале дополнителни средства..

„Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот.

Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии.“ велат од Кабинетот на Претседателот.

Од министерството за финансии конкретно не одговорија како ќе се надмине проблемот, само потенцираа дека со отворена комуникација ќе ги решат дилемите кои се појавиле околу реализацијата на буџетот.

Коментар за случајот даде и премиерот Ковачевски, кој порача Колективните договори да се потпишуваат според можностите во државната каса.

„Замислете сите да потпишат што ќе треба да направиме?! Не знам каков Колективен договор има претседателот ќе си седнат со финансии, ќе разгледаат ќе договорат и ќе има решение како што има решение за се.“ кажа Димитар Ковачевски, претседателот на владата, а пренесе порталот Во Центар.

Денес, Претседателот Стево Пендаровски преку објава на својот фејсбук профил го претстави новиот член на неговиот Кабинет – тримесечниот шарпланинец Рок.

Пендаровски кучето и го покажа и на претседателката на Унгарија Каталин Новак, што предизвика јавноста да помисли дека и го подарил.

-Дека кучето е подарено не е точно. Таа има две преубави кучиња, ова беше само да и покажеме наша раса, специфична за кај нас. Проеговори со ЕУ може да водиме, а преговори Роки да го дадеме- не, се пошегува Стево Пендаровски во својата изјава.

На тоа се надоврза и унгарската претседателка:

-Имам веќе две и веројатно моите нема да го прифатат Рок со задоволство, затоа задоволство ми е што го погалив и ќе го оставам тука, рече претседателката.