Мајката на Бени Шаќири и на Нора Шаќири која инаку има уште еден син, Изета Радончиќ – Шаќири со емотивни зборови на својата снаа Лиса ѝ го честиташе роденденот. Таа објавила слика на Фејсбук од двете снаи, од двата сина и напишала:
– Не треба да ја родиш за да ти биде ќерка. Треба да ја пригрлиш и примиш во семејството како родена ќерка со сите нејзини мани и доблести. Така треба да биде и од другата страна за да има хармонија и разбирање во семејството.
Ние така се договоривме со двете снајки и тоа функционира до денес а се надевам и понатака. Ова се две мои принцези од кои едната слави роденден.
Е па Лиса Баута Шаќири да си ми жива, здрава ,среќна заедно со твоите три принца Бени, Мик и Бен, и сите што ги сакаш и те сакаме.
Јас те сакам до бескрај ти го знаеш тоа, и у то име да ми доживиш 100 умнице моја. СРЕЌНО!
Лиса Баута Шаќири е млада жена, која изминатиов период предизвика низа позитивни коментари на социјалните мрежи, околу нејзините ставови насочени против неправдите на поличарите од било која политичка партија и националност, кон граѓаните од било која националност.
Во еден од своите постови, таа отвора нова тема во која ќе се пронајдат многумина: Воодушевени од Нормалноста.
„Често сум сведок на ситуации каде одредена личност, особено од јавниот живот на нашето општество, е аплаудирано и возвишено само поради фактот што е пристоен и разумен.
За да бидам коректна и да не посочам ниту еден конкретен човек ќе си се земам самата како пример.
Имено, во многу ситуации, од бројни луѓе сум добивала пофалби за начинот на кој го искажувам мојот став, браво што не сум шови-нист, браво што си ја сакам државата, браво за течноста на говорот (на било кој јазик што го употребувам).
Браво за недостатокот на ароганција и дискриминација, браво што сум директна, па до признанија дека ме виделе на одредено место како уредно си чекам ред без да галамам или сум била културна со конобар/комшија/продавач.
Ова не ми се случува само мене. Ако посветиме малку внимание ќе утврдиме дека вест на денот станува дури и тоа што одреден функционер си оди на работа во точно работно време.
Што работник си ја извршува својата работна задача, што популарна личност е видена како селектира отпад, што градоначалник изградил 1000м пат, што возач не свирел и не пцуел во сообраќај.
Што младо момче му помогнал на стар и изнемоштен дедо да ја премине улицата и што медицински персонал бил љубезен кон пациент.
Зарем навистина сме дојдени на дереџе да си кажеме браво за нешто што би требало да се подразбира? Зарем ова би требало да е исклучок а не правило?
И покрај тоа сто живееме во лошо време, каде системот на вредности е превртен, мораме да сфатиме дека место да аплаудираме за нормални работи и целото внимание да го посочиме кон луѓе кои се однесуваат според универзалните норми,
Треба да впериме прст кон тие кои апсолутно не се однесуваат пристојно и да одбиваме да дозволиме непристојноста да биде нормалност.“
Бени Шакири, сопругот на Лиса, во едно интервју за „Рингераја.мк“ проговори за татковството и рече дека Лиса ја сака уште повеќе откога станале родители, ако е можно.
Тој исто така посочил дека толку многу бил посветен кон нив што дури станувал параноичен, но воглавно уживал во улогата на татко. Ова Бени го изјави кога се роди првото дете.
Дали и помага на Лиса, Бени одговорил дека помага околу бањањето и менувањето на пелени и дека со сопругата заедно ги завршуваат обврските околу синот, но гледа често да ѝ даде простор на сопругата да одмори и тој да ги заврши повеќето задачи.
Во семејството Шаќири е посебен ден, поради роденден на еден од внучињата. Мајката на Бени и Нора, објавила слика од внукот Бен и му честитала на посебен начин:
„Среќен да си ми сонце бабино. Денес е многу убав ден и секогаш да ни биде вака за твојот роденден. Денес сите сме собрани, а на баба срцето како на планина.
Те сака баба, Бен Хус Шакири и да славиш до 100, среќо бабина,“ напишала Изета.