Naslovna Zivot Маја Вукиќевиќ не се менува, објави слики од Австралиjа каде што живее,...

Маја Вукиќевиќ не се менува, објави слики од Австралиjа каде што живее, еве како изгледа сега (ФОТО)

За Маја Вукичевиќ е познато дека во годините наназад, таа беше доста активна во музиката и на музичките фестивали, и таа таму често беше наградувана. Сега сосема се повлече од музичката сцена.

Маја, која и претходно има искуство како водителка на ТВ, извесен период работеше како новинарка во едно домашно списание. Сега пак, како што претходно обајвија некои медиуми, живее во Австралија.

Нејзиниот син Гораст во 2019 година дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, а Маја во тој период со емотивен статус раскажа лична приказна.

“Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение ти кажав учи сине за себе, не за оценки…

Летна времето… Моето прваче на кое му велев, ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш, денес стана дипломиран економист.

Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години… има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех…

Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое и запомни парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да и дадеш вредност на таа диплома.

Ти честитам сине и те сакам неизмерно. п.с Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца… Sorry”, напиша Маја тогаш.

Маја Вукичевиќ беше многу потресена од загубава на маестро Александар Џамбазов минатата година, и на својот Фејсбук профил сподели слика од него со неа и се присети на најубавите спомени со познатиот маестро.

– Чичко Ацо… Го паметам од дете, соседи бевме во Козле. Секојдневно го шеташе Гастон шампион преубавиот кокер шпаниел, а ние трчавме по него да си играме со убавото кученце. Преубави спомени…

Кога пораснав секогаш беше полн со подршка и убави зборови. Сакаше и знаеше да го види убавото во луѓето. Вистински МАЕСТРО! Секогаш кога ќе се сретневме ми се обраќаше со “Маичка мила моја…

”Поч ивај во мир Маестро, искрено сочу ство до целото семејство“, напиша Маја.

Потоа, таа содели документарно видео од маестро Џамбазов со кое тој со љубов раскажува за музиката, и за неговите доживувања кога одел на фестивалите низ Југославија и под ова видео напиша:

– За жал никогаш веќе нема да се повтори овој ентузијазам во создавање и креирање на трајни вредности. Времињата се сменија, многу луѓе си заминаа и не им се даде простор и доволна стимулација да остават нови генерации во ова време на fast food и инстант музика.

Го уништија ревискиот оркестар, Биг-Бендот и што уште не… Останаа многу малце луѓе кои имаат и воља и ентузијазам да направат нешто. Не ги пропуштајте приликите…

Погледнети ги соседите како си ги чуваат и почитуваат нивните креативци.

Ви препорачувам да одвоите малце време и да го погледнете целиот документарец, за оние кои се помлади и не знаат како се создавала македонската музика, а повозрасните да се потсетат како беше и да направиме паралела како е сега“, напиша Вукичевиќ.

Потоа, таа сподели слика пак со синот на маестро Џамбазовв, Игор, и тоа од пред многу години, кога и двајцата биле во тогашната А1 Тв,а Игор на сликата е облечен како кувар. „Си беше еднаш одамна, А1 телевизија“ напиша Маја до сликата.

Маја на социјалните мрежи е поретко активна, а сега објави едни преубави слики од неа на плажа и со нив, таа напиша: Мирот започнува со насмевка.

Може да се забележи дека Маја воопшто не се сменила, тоест дека ја има истата убавина и младешки изглед како и порано, кога беше активна во музиката во Македонија.