Naslovna Zivot Kристина Димитри во прегратките на овој познат маж, а на Кајмакоски не...

Kристина Димитри во прегратките на овој познат маж, а на Кајмакоски не му честиташе за бракот (ФОТО)

За првпат во јавноста, Кристина си ја отвори душата и пред камерата на естрадниот магазин Бекстејџ. Тогаш таа ги раскажа причините за разводот со Даниел.

„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но сѐ е за луѓе“– во својата прва изјава по разводот од поп пејачот Даниел Кајмакоски, тврди моделот Кристина Димитриевска.

Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па затоа на почетокот од минатата година, веста дека ставиле крај на бракот, ја изненади јавноста.

-Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму.

Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега.

После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија, раскажа тогаш Димитриевска за „Бекстејџ”.

Сега пак, после една година од разводот, Кристина многу посмирено одговара на сите прашања:

-На големо се шушка дека си нашла нова љубов и имаш дечко. Колку вистина има во сето ова, ја праша водителката:

-Не, тоа не е вистина. Засега нема никој во мојот живот и искрено се смеам на ваквите написи. Но тоа не значи дека ќе остане засекогаш така, нагласи Димитриевска.

Во новото интервју за Бекстејџ, Кристина кажа многу за бившиот партнер, што досега немаше кажано, особено за нивниот однос:

-За мене разводот е дел од животот, не е некој скандал и никогаш не сум склона кон правење на скандали. Секогаш сакам во јавноста да излегувам, да е тоа со титула, со постигнат успех, со песна, со настапи.

Еве последно прочитав, пишуваше „Бившиот на Кристина се ожени,“ така да се менуваат работите, низ смеа кажа Кристина, а потоа проговори и за синчето.

-Имам 26, мислам дека не постојат маани. Да добиеш дете е навистина нешто посебно и можам да кажам дека детето ме направи да буквално, многу повеќе размислувам, многу повеќе да работам и многу повеќе да стварам и со поголема брзина.

Некако кога си млад, како ти е од денес за утре, но кога имаш дете, веќе тоа е навистина сериозна обврска и кога си млада мајка, некако имаш навистина доста трпение.

Моето дете е многу хиперактивно, но јас се спуштам буквално на истото ниво, како мали деца сме.

Водителот на Бекстејџ ја праша и за Даниел, во какви односи се:

-Мислам дека некако работите, со текот на времето, сѐ се дознава и никогаш не може да остане сокриено. Во едно интервју изјавив, јас сум и мајка и татко на моето дете, нормално со поддршка од моите родители и мојот брат, кој му е идол на син ми.

И навистина сум задоволна што е тоа така, бидејќи да беше поинаку, син ми немаше да е така среќен и толку позитивен.

Можеби најлошото е коментарите, самохрана мајка. Треба некој да те пофали за такво нешто. Секоја мајка што решила на 20 години со своја волја, да знае дека партнерот, нема да е никогаш тука како поддршка, да родиш дете е голема храброст, не постои за мене поголема храброст, бидејќи детето е за цел живот.

-Да те прашам нешто искрено, се јавува ли, знае ли да праша како е, да купи играчка, тебе да те праша како си? На ова Кристина одговори:

-Па, единствено што можам да кажам, а тоа е дека со него имам средба кога треба законски да се видам, и тоа е тоа, не би да должам и да му давам навистина, доволно простор му дадов мислам,“ одговори Кристина.

Потоа, следеше прашањето: Ќе му честиташ ли, и на свадба можеби да му пееш, зошто да не? На ова Кристина кажа:

-Србите имаат една добра изрека: „Нашла крпа закрпу“, мислам и секој треба да си го најде тоа што си го заслужува“, одговори Кристина.

За Кристина еден период се шпекулираше дека е во врска со нејзиниот соработник и пријател, дј Боно, но во неколку наврати, тие двајца ги демантираа овие наводи.

После тоа, Кристина ја поврзуваа и со Драган Темелков, но изгледа ништо немаше и од тоа.

Кристина објави фотографија со познатиот текстописец и композитор, Дарко Димитров, на која Кристина го има прегрнато.

„Го сакам најмногу… Но, зошто? Ќе видите наскоро, пишува во описот на фотографијата. Најверојатно Дарко ѝ напишал песна на Кристина, но останува да видиме наскоро.