Naslovna Zivot Како од каталог излезени- Сашко Коцев со неговата многу згодна колешка, со...

Како од каталог излезени- Сашко Коцев со неговата многу згодна колешка, со посебен повод заедно (ФОТО)

Во колку станувате вие бе? Во колку станувате за да бидете орни за работа?“, праша Сашко Коцев во емиисијата Утринска на Телма каде што гостуваше и разговараше со новинарот Горан Петрески за време на опандемијата.

– Стално се прашувам, и сега се прашувам, у колку станува оној што се јавува во утринска програма.

Демек и он имал нешто да каже во 6 ипол седум сабајле. Тој не е ни легнат“, рече Коцев во емисијата. Потоа, новинарот го праша како живее периодот, а Коцев рече:

-Периодов. Одличен период. Седиш дома и чекаш. Чекајќи го Годо. Чекаме да помине пандемија, да нешто работиме. Детето сабајле го носам во градинка, малце возам.

Од Кисела вода до Капиштец, околу 50 минути, и 50 назад, мене денот ми исполнет. Толку. Утрата во возење ми поминуваат.

Потоа Коцев раскажа дека снимал филм во Словенија, а снимаењето завршило пред неколку дена. Се снимало околу 40 дена и имало една мала пауза затоа што дел од екипата биле позитивни. „За живо чудо првпат снимам долгометражен филм, комедија.

Една класична комедија жанровски, по урнек на фарнцуските комедии, така нешто додека го пишувавме заедно.

Јас зборувам на македонски и српски“, рече Сашко и потоа додаде дека еден познат стендап комичар и ТВ лице му се јавил да го покани да го снима филмот затоа што него го замислил додека го пишувале. Потоа, тој заедно со колегата го доправил сценариото, сега е косценарист.

-Тоа е филм за последната шанса на човекот која му се пружа во животот, и првата шанса која му се пружа на човек во животот.

Да ја искористиме последната и првата шанса. Голем предизвик беше за мене зашто играм два лика.

Едниот е Македонец кој што треба да стигне во Словенија и никако не може да стигне, а другиот кој е многу позбат, светски познат…

Тоа е последната негова шанса. А Првата шанса е за еден скромен човек којшто работи во некој хотел таму кај што се случува таа случка, којшто личи како одој исто….“, објасни Коцев за своите улоги.

-Глумец никогаш не е задоволен на премиера. Глумец не гледа филм, себе се гледа. Лелел каков сум овде, вака ли се глуми? Па добро бе Сашко, па идеш дома разочаран…

Тоа се нормачни глумачки бол-ести, што за мене е исправно. Најстрашно е ако се конзеврираш и се заљубиш во себе…“ рече Коцев и зборуваше како се одржува.

-Имам дома една мала теретана, учам бубњеви во слободно време, сам за себе, хоби, на слушалици… Од сабајле прво станувам, па јога, па пред ручек пак јога…“, рече глумецот на шега. „Мојата сопруга идеше на јога.

И и викам- што правите таму? Па вика таа вежба, па сега легнуваме, па диши бела светлина, издиши црна. Па викам, плаќај ме мене, ја ќе те тренирам јога. За лежење плаќаш? Хахаха, се зе-зам. Јога, Не сум бил никогаш на јога“ рече Сашко.

Потоа збпруваше за своите сценарија на Златна Бубамара и откри: Јас сум си одвратен сам на себе. Како може ова луѓе да ги занимава. Што им е интересно?

А да кажеме, тоа е еден од стендапите, кога можам пак да се гледам, би се гледал“, рече Сашко а мислеше на оној скеч што доста се гледа со пензионерите кога одат на скијање, и го кажал во Универзалната сала.

Сашко Коцев и Јелена Јованова се главните ѕвезди на словенечката комедија „Нешто слатко“ („Nekaj Sladkega“), чија светска премиера се случи синоќа во киното Синеплекс во Љубљана, Словенија.

Режисер на филмот се телевизиската ѕвезда Тин Водопивец. А Сашко и Јелена изгледале топ на премиерата на овој филм заедно како од Холивуд излезени, и за нив по овој повод комотно може да се каже- светско, а наше!