Пејачката Ани Малинкова својата кариера ја започнала на 17 години, кога од Кавадарци дошла во Скопје и почнала да настапува во емисијата „Оваа сабота“ на Димитар Масевски.
За оваа емисија, во една прилика, во интервју на Сител, таа рече дека била ловец на таленти. Исто така раскажа дека снимила 5-6 албуми со песни од фестивали и благодарници и награди за кои веќе нема место каде да ги стави.
„Јас настапував по свадбени веселби, кршетвки. Цела Америка ја имам прошетано, нема црква во којашто не сум настапила, кај нашите иселеници што живеат во Америка, во Австралија на тие турнеи.
И во Европа, нашите Македонци едвај чекаат да дојдеме и да слушнат македонска музика“, рекла пејачката. Таа спомена и дека пее со својата снаа, Наташа Малинкова, познатата пејачка која живее во нивниот роден крај, Кавадарци.
„Сега немаме лозје, само јадеме грозје, пиеме вино и пиеме ракија. Кога бев помала, јас 24 часа бев надвор, се дружев и со машки и со женски.
Јас повеќе со машки се дружев“, рече Ани за своето детство.
„Јас ја обожавам Шар Планина, а костените кои растат во пределот сакам да ги берам. Планирам да поминам поголем дел летово во таа област“.
Чист воздух далеку од центарските метежи, во период кога е потребно да се заштитиме. Здравата храна во високите предели е добредојдена, раскажува Малинкова.
„Не ги изоставам и околните планини за уживање во текот на викендот, Скопска Црна Гора која има прекрасни шумски јагоди.
Додека Водно го посетувам целата година во утринските часови, со мојот домашен миленик, бела француска пудла“, рече таа за Еспресо.мк
Омилениот избор за лето на Малинкова е некое од соседните мориња или посетата на Грција. Но, поради актуелната состојба одбира планински туризам.
Таа во една прилика даде интервју за Фокус во кое прзборе за својот живот, за разводот и за естетските корекции.
-Подолг период размислував за ботокc, но поради пандемијата постојано одлагав. Во август направив ботокc третман на лице, потоа следеше затегнување на лице и тело со колаген, ласерски третмани за коса, цела низа на мали задоволства кои многу значат за секоја жена- раскажува Малинкова.
-Јас сум сингл веќе осум години, помина доста време од разводот, но во ниту еден момент не си дозволив да не внимавам на себе, на изглед, на физичка форма која ја одржувам со спортување, на фризура, гардероба…
И кога бев во брак, и сега, кога сум сама, јас сум задоволна со себе, се трудам секогаш да бидам негувана. Жена сум, силна сум, можам сѐ – вели Ани.
Минатата година, таа конечно се пофали со својот нов љубовен статус, имено на Фејсбук, нејзиниот партнер Ѓорѓи Тренески објави дека е во врска со Ани Малинкова.
По оваа објава, тие добија многу честитки од своите пријатели кои им посакаа љубовта да им цвета.
Но, сега за Фокус се огласил лично Треневски кој ја открил вистината за неговата врска со оваа наша позната пејачка. Тој во разговот со овој медиум рекол:
-Честопати во медиумите моето име се спомнува со Ани Малинкова, би сакал тоа да престане еднаш – засекогаш, бидејќи не сум повеќе со неа. Еве, изјавувам дека немам ништо со неа – за ,,Фокус” вели Ѓорги Тренески.
Овој човек, минатата година се најде во центарот на вниманието, откако фолк пејачката Ани Малинкова изјави дека ѝ го освоил срцето.
Како што раскажуваше тогаш атрактивната 49-годишна пејачка, осум години по разводот од сопругот со кого има две ќерки, таа повторно се вљубила.
За нејзиниот избраник Ѓорги раскажа дека не е јавна личност, а се запознале случајно во Куба, за време на летување пред пандемијата.
Малинкова не сакала да открие детали за завршетокот на нивната љубов, само рекла дека 2022 година ѝ била убава, а 2023 година ќе ѝ биде уште поубава, а за бившиот дечко не саакала ништо да каже.
Ани во една прилика истакнала дека многу се занимава со социјална мрежа ТикТок и се пофали дека има голема гледаност и контактира со луѓе од целиот свет.
Исто така, раскажала и дека видеата ги снима на својата мејк ап лампа и тоа многу ја разонодува.
-Вежбам дома аеробик. Со мајка ми си правам муабет и ги гледаме рецептите со здрава храна. Многу рецепти имаме заедно, а некогаш и ќерките готват. Миењето садови, ми останува на мене.
Имам и миленичиња, куче и мачка, и денот ми е исполнет. Овој период го сфаќам како одмор“, рече пејачката во една прилика во емисијата Магазин на Сител.
Aни објави многу интересно видео кое го снимила на Tик Ток, како игра на песната на Руслана, која победи на Евровизија во 2004 година. Всушност, самиот ритам на песната е таков што Ани ептен се затресе и добро заигра на песната.
Малинкова изгледа многу јако на видеото, иако не носи шминка или ставила минимално и доби многу пофални коментари. Очигледно ѝ стои ваква улога.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.