Naslovna Zivot Весна Бејби призна: 15 години сум будна, имам несоница како последица на...

Весна Бејби призна: 15 години сум будна, имам несоница како последица на cтpecoви

За секој уметник – актер важи непишаното правило: театарот е уметност, филмот е пари, а телевизијата популарност“, напиша во една прилика Фешнел за нашата позната актерка Весна Бејби Петрушевска.

Во интервјуто за овој медиум, таа рече дека радиото е нејзина прва љубов и раскажуваше и за други животни теми.

„Радиото е моја прва љубов. Јас уште пред да почнам со телевизија да се занимавам, од секогаш сум сакала да бидам на радио.

Има една чудна магија, убаво е затоа што прво станува збор за сосема друга ментална матрица е не е исто како телевизија.

Како театар, не треба многу да зборуваш, да имаш доволно мерка и секогаш да ја знаеш плеј листата што ја пушташ. Инаку јас со мои 14 години почнав со театар, а веќе на 16 водев емисија на МРТВ – „Пулсирање“.

Затоа можеби некако многу многу природно ми дојдоа тие две работи да ги спојам бидејќи можев да практикувам интермедијалност, она што се вика разговор со камера и да си бидам на сцената. Она што сонував се обидов да го реализирам.

Телевизијата е точно најмоќниот медиум некогаш создаден и тоа така ќе биде оти преку телевизијата влегувате и онаму каде што не прашувате дали смеете да влезете.

Во театарот се купуваат карти по слободен избор и одлуката за да дојдат да ве видат е лична, а на телевизорот може да се згреши далечинското на каналот каде што сте вие и да ве гледа некој од семејството макар и со сила. Поголем е сеирот за телевизија.

Се практикува поголема популарноста и моќ, но од друга страна колку што може да ти понуди телевизијата, толку може и да те потроши.

Телевизијата исклучително многу ја троши енергијата на поединецот, на авторот и водител, во овој случај јас, но исто така знае и многу лошо да возврати.

Значи неочекувано ве доживуваат на еден начин кој што не сте го очекувале. Во театар кога ќе излезете на сцена го очекувате оној производ кој што го гледаат на телевизија.

Има генерации и генерации кои што растеле со мене и кога ќе дојдат во театар, првите пет минути им е ш ок, а после тоа другите 125 минути се прилагодуваат, но феноменот на телевизија е многу значаен за секој актер.

Актерот не треба да се плаши од егзибиционизмот наречен телевизија. За жал кај не се снимаат серии, па нема друг начин да ги видите актерите. И уште една работа, телевизијата, не е привилегија на актерите, водителството телевизиско е сосема поинаков софтвер.

Не може секој актер да биде водител, апсолутно тоа го тврдам“, објаснува Весна, која е мајка на Мина и Кирил, а Кирил инаку живее кај своот татко во Америка и таму студира. Во продолжение таа раскажала каков е нејзиниот стил:

„Мојот стил е многу кежуал, многу лежерен. Јас многу ретко носам високи потпетици во приватниот живот, дури и кога ќе излезам, знам во кола да си оставам балетанки, зошто од носење толку многу чевли на потпетица и на сцена, грбот повеќе не ми држи.

Многу сум слободоумна во креирањето на сопствениот моден пат. Сè уште сакам да бидам рок, панк и глам дива. И секогаш кога станува збор за модата мислам дека сум живеела во шеесеттите години, затоа што просто ги обожувам тие стегнати форми, широки здолништа, убави салонки, и појавата на коктел фустанот.

Јас ден денес кога ги листам фотографиите на Берт Стерн од Мерилин Монро сè уште и се загледувам на креациите потпишани од Диор и на нејзините потпетици кои што ни Лубутан ги нема уште изработено.

Значи сè уште се воодушевувам на тој минимализам од тоа време, на таа чистина во постапката на модниот дизајн и ако веќе би била некој официјализиран лик, би сакала да бидам некој кој е целосно дел од шеесеттите“.

Весна исто на тема мода така открила дека нејзин моден фет иш се кратки кожени чизмички во мотоџиски стил, кожени панталони и кожени јакни, крзнени елечиња и часовници.

Весна Бејби е доста искрена личност па на својот Инста профил таа објави за еден голем проблем со кој се соочува, тоест за нешто со кое се бори долго време, поточно 15 години.

Кога имаш 15 години несоница, па читаш ,слушаш музика,едвај чекаш да се разори за да почнам со нов проект, нови предизвиц. Несоница е креативен момент, последица на огромни стр-есови, но јас упорно барам нешто добро во тоа.

Будна! Цели 15 години“, напишала Весна во видеото кое го споделила на Инста, и ставила слики од повеќе нејзини проекти и ангажмани со кои е активна.