Фолк-пејачот Благоја Грујовски 30 години е на музичката сцена. Иако ко млад слушал рок музика, поради татко си решил да пее фолк.
На времето едвај со врски со групата „Мераклии“ влегле на фестивалот „Цветници“ кога настапија со песната „Туѓино јабано“ и оттогаш Баже стана популарен. Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна.
“Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата“,вели Благоја во интервјуто за „Репортер“.
Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе.
Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените. За него се зборувало сешто, триста муабети, афери за кои вели „ме погодуваат, оти не е баш сè така“.
„Јас не ум таков како што ме зборат. Јас сум повлечен, диксретен човек. Сум превал и јас глупости ко сите. Ми прилепувате секакви приказни, а мојот живот е ист како на другите“, вели Баже во разговорот за „Репортер“.
Во 2009 година Благоја Грујовски се ожени со 20 години помладата Ирена. Тие беа во врска 2 и пол години и Ирена беше во шестиот месец од бременоста на свадбата.
Ова е втор брак за пејачот и прв за Ирена. Својата приватност тие скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет. Заедно го имаат синот Марко.
Благоја е татко на два сина, Матеј е постариот, Марко помладиот, и е исполнет со обврските околу снимањето на емисијата Везилка која ја води заедно со Ирена Спировска и со Адријана Алачки, а шетаат секаде низ Македонија и ги прикажуваат локаните специјалитети и традицијата.
Кога тој славеше роденен лани, и тоа 59-ти, многумина рекоа згледа одлично, топ се држи, а роденденот на Фејсбук му го честитапше неговата колеша Адријана Алачки со овие зборови:
-Баже да ги везеш годините со најубавите бои, да траеш , да бидеш здрав и насмеан…Среќен роденден другарче“.
Беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.
„Едната жена беше 12 години помлада од мене, другата е 24. И децата ми се така, сè е во знакот на 12 и сè е во знакот на тигар“, вели Баже.
Тој во младоста тренирал бокс, и ова е приказна која скоро никој не ја знае за нашиот познат пејач, а ја откри неговиот пријател Спасен Силјановски, пејачот од Кичево.
Спасен во емисијата Магазин за Благоја рече дека требал да оди на сојузен натпревар на ниво на Југославија, од што бил добар.
Потоа, пејачот коментираше дека уште го сака боксот, уште го гледа, но не се занимава веќе ни рекреативно.
Спасен Благоја го опиша како човек што му подал рака кога најмногу му требало, и дека секогаш е спремен да му даде добар совет.
Ирена Спировска на Фејсбук има објавено албум со слики од снимањето на емисијата „Везилка“, која ја води заедно со Благоја Грујовски и со Адријана Алачки.
Баже изгледа ептен како дечко на оваа слика, и се гледа дека ептен му годи друштвото на оваа убавица, неговата колешка Ирена Спировска која е со него на сликата.