Naslovna Zivot Сања Сани објави слики од свадбата -Никола има една ќерка, а Сани...

Сања Сани објави слики од свадбата -Никола има една ќерка, а Сани две, одлично се согласуваат (ФОТО)

Минатата година се шпекулираше дека Сани Гроздановска и Сања Барбика Цинцева не се во добри односи и дека фановите пишуваат дека нивната врска е разгорена поради манекенот Димче Димчевски со кој Сани сними прва песна, а потоа и Сања Барбика.

Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев.

Станува збор за рефрен кој што го потпишуваат Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.

Темата е модерна, летна и сите прогнози се дека ќе прерасне во вистински хит. Се надевам дека на публиката ќе ѝ се допадне ова што го сработивме заедно со тимот, станува збор за нов звук, нешто што досега кај нас го немало и сигурна сум дека ќе имаме позитивен фидбек, вели Сања која во спотот се појавува во неколку провокативни комбинации.

-Песната за кратко време има голем број на прегледи, можам да кажам дека успеавме!

Заедно со Џамбо Агушев имаме ХИТ и кога веќе зборуваме за критиките, мислам дека не постои пејач кој што немал критики во одреден период од својата кариера.

Јас мислам дека и тоа е успех затоа што ако немаш критики, под дифолт треба да се запрашаш зошто е тоа така.

Кај нас во Македонија, па воопшто и на Балканот живеат луѓе кои се сеирџии по природа и се гласни и моќни само пред тастатура.

Не бираат зборови кога навредуваат, а за мене тоа се злобни, неуспешни и нереализирани луѓе.

Очигледно немаат што да прават во својот живот, несреќни се, па затоа плукаат и хејтаат по се. „Барбика кралица“ е нов звук на овие простори, досега немало ваква тема, па затоа е и критикувана.

Морам да нагласам дека има и многу позитивни коментари, но нели, како и секогаш, ние прво се „фаќаме“ за негативните…

Се надевам дека наскоро ќе се врати се во нормала и дека публиката ќе има можност да ја чуе во живо „Барбика кралица“, додаде пејачката тогаш.

Нејзината најнова песна која има провокативен наслов ја опиша порталот кумановски муабети на интересен начин.

За разлика од повеќето јавни личности, Сани е од оние без влакна на јазикот, а пак дури и кога е приватоста во прашање не се штеди да открие што и се случува, баш како сега за вториот развод.

Таа ги изненади своите фанови кога во тајност се омажила, а на Инстаграм профилот си го смени своето презиме во Урдаревиќ, повеќе не е Гроздановска.

Сани неодамна објави една песна од Дино Мерлин која е љубовна, и во неа е опишана целата љубов со Никола, а објави и колаж од нивните најубави фотографии и личи како да се со години заедно.

-Една жена својот човек го сакаше со целото свое срце“, вели песната која ја отпеал Дино Мерлин, и само овие неколку збора го опишуваат она што Сани го чувствува кон својот Никола.

Сани моментално е во Швајцарија каде ужива, но не ја заборава нејзината професија и во секој момент кога може си потпевнува.

Сите ја знаеме Сани по нејзината опуштеност и „без влакна на јазикот,“ а сега повторно тоа го докажа кога пријателка ја снимила како пее од базен.

Необично место за пеење, но идеите на Сани се секогаш уникатни, па добро ѝ прилегаше микрофонот од ова место. Сани беше облечена во фустанче кое беше мокро и ѝ се прилепи на кожата, a беше снимена кога пее:

„До вчера бевме едно, се чувствувам многу бедно,“ се гледа дека ептен песнава ја погодила Сани во емоции.

Сани и Никола ги објавија свадбените фотографии, кои изгледаат магично. Сани не носеше класична венчаница, туку кратко бело фустанче, кое ѝ стоеше предобро.

Сани на фотографиите изгледа многу среќна и подмладена, изгледа ѝ годи животот со нашинецот од Швајцарија.

Имено, Никола има една ќерка од претходниот брак, која веќе е тинејџерка, а Сани има две ќерки од два различни бракови. Семејството е сега големо и сите изгледаат пресреќни особено девојчињата кои наводно добро се согласуваат.

Ќеркичката на Никола се вика Алис, а Никола објави фотографија како уживаат сите во базен.

Сите фотографии кои ги објави Сани, можете да ги видите ТУКА