Една од нашите најпознати водителки и најшарматни Тв лица, Искра Канзурова е горда мајка на Матеа и на Меглен. Сега, на Искра поворно ѝ цветаат рози. Освен што е среќна дома, среќна е и на работа.
По три години ТВ пауза, Искра се врати на телевизија, во емисијата „Добро утро, секое утро“, на Алфа телевизија. Искра изјави дека враќањето пред камерите многу ја исполнува.
„Матеа е талентирана е за балет. Многу сум горда на неа, играше во претставата „Кавалериа Рустикана“ во МОБ.
Горда сум и на Меглен, тој тренира фудбал во „Вардар“. Не пропушта ниту еден поважен фудбалски натпревар“, изјави Искра за Женски магазин.
Искра на својот Фејсбук понекогаш има обичај да ги коментира актуелните случувања кај нас.
„На ТВ ми е вистинска релаксација, во убаво друштво, со убави луѓе и одлична екипа. Нова енергија и нова свежа провејува во „Алфа“. Се работи турбо.
Мило ми е што имаше ребрендирање и многу нови псила роекти“, вели Искра за Женски магазин.
„Дома ми е весело. Единствен проблем сега ми е што децата ми се во различна смена. И потребна е организација да не заборавиме некое дете надвор, хахаха.
Навечер се пребројуваме, и ако се сите на број, можеме во кревет, хахаха“, додаде Канзурова.
Инаку, Сузана Турунџиева гостуваше во утринската програма на Алфа Тв, „Добро утро, секое утро“, која ја води токму Искра Канзурова.
Причината е тоа што Сузана во таа прилика најави дека ќе ја води Утринската програма заедно со Искра, тоест ќе се менуваат.
-Јас сум ранобудник. Станувам многу рано и чекам некој од семејството да се разбуди за да можам да почнам да мрдам.
Сакам денот да ми почне со песна, со мотивациски мисли. Така што нема да ми биде проблем да стана рано за на утринска.
Кога бев мала, бев многу срамежлива, се срамев да зборувам. Полесно ми беше да пеам отколку да зборувам“, рече Сузана и откри дека подоцна се ослободуила од тој проблем.
Потоа, Искра ѝ рече дека за да стаса на време на Утринска како нејзина колешка ќе мора да станува во 4.20.
„Прашај паталец“, рече Канзурова, а Сузана рече дека поради ангажманот во Алфа нема да го напушти нејзиното работно место.
Имено, Сузана е наставник по музичко образование во ОУ „Гоце Делчев“ во Скопје, и таа честопати објавува снимки од часоците со своите деца, а на часовите понекогаш доаѓа и Атиџе Муратова.
Искра ретко објавува приватни слики на социјалните мрежи, но во оваа прилика, таа шерна една многу важна, со ќерка си Матеа, а има и посебен повод за тоа.
Имено, Матеа наполнила 15 години, и Искра објавила слика со своката гордост и напишала: Славиме 15-ти роденден. На оваа слика се гледа дека Матеа пораснала во прекрасна девојка, и колку многу си личи со мајка си.