Цитатите кои Игор Џамбазов ги споделува од неговите книги се често едни од најпопуларните негови објави, а една од нив вели:
„Пријателе мој, не плаши се од неписмените. Тие обично се простодушни и безоспасни. Плаши се од полуписмените. Тие се бездушни и многу опасни“.
Игор, кој сака да патува низ Македонија, пред извесно време се јави од струмичкото село Петралинци и тоа од дворот на неговиот добар пријател и ја раскажа приказната за Перо Петело, пашата од Петралинци.
„Добар ден, се наоѓаме во дворот на куќата на Банде и на Сузе во село Петралинци. Тоа е Перо петелот и има шест невести. Јас сум една не можам да прекарам“, рече Џамбазов.
Игор Џамбззов е секогаш горд на својата мајка, актерката Анче Џамбазџова, но и на татко му, упкоениот за жал маестро Александар Џамбазов.
Игор во едно интервју изјави што научил од мајка му и од дедо му, легендарниот актер Петре Прличко: Од мајка ми научив како се сака.
Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот.
Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав. Од татко ми научив дека креативното лу дило е дозволено.
Од него научив и дека најважна е чесноста. И се трудев да бидам чесен. Мислам дека успеав, затоа што во животот бев нечесен само кон себе.
А од дедо Петре научив дека ако не мислиш дека си центар на светот, не можеш да бидеш актер, хехехехе…од него научив дека „боемштината“ не значи да си пијан од утро до мрак.
Дека тоа е начин на живот. Боемштината се љубовта, другарството, музиката и поезијата во еднo“, рече Џамбазов за „Фактор“.
Џамбазов во една прилика сподели уметничка фотографија од Петре Прличко на Инстаграм и напиша: Дедо ми 5-ре низ очите на легендарниот Димитар Кондовски…масло на платно.
Актерот има повеќе од 93 илјади следачи на Инстаграм, и неговите видеа кои во последно време се најчесто од Дојран ги орасположуваат неговите следбеници во ова тешко време.
Игор во новото интервју за Слободен печат открил дека тој повеќе не е со Илина Арсова нашата позната алпинистка која жиувее во Америка, имено тие раскинале по три години од почетокот на нивната врска, и ги открил прилчините за нивната разделба.
-Тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно.
Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.
И конечно, кога кор оната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“.
Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници.
Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години.
Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, кажал Игор во Слободен печат.