Naslovna Zivot Еве што прави и како изгледа сега Андруш Ангелковски – најпопуларниот Македонец...

Еве што прави и како изгледа сега Андруш Ангелковски – најпопуларниот Македонец камионџија во Америка

Андруш Ангелковски, медиумска слава доживеаја пред неколку години, со изведбата на популарниот хит „Оди Sвездо”, песна на Наум Петрески, од кабината на својот камион.

Тој во многу наврати знае да ни ги стопли душите, да не насмее, да не мотивира и да покаже дека преку песна можеме да бидеме најсилни дури и во моментите кога ни е најтешко, знае да пее не само македонски, но и многу песни од соседството.

Но, сепак, според нас, изборот на оваа песна е она кое може навистина да ве расположи во еден ваков ден, а тоа е песната „Облаче ле бело“.

Андруш вози камион во далечна Америка, а долгите патувања одлучи да си ги развесели со караоке од својата кабина.

По „Оди Sвездо”, тој настапуваше и низ Македонија со Наум Петрески, а потоа, од својата кабина препеа уште многу хитови.

Македонецот Андруш Ангелковски кој го остава срцето на патиштата, возејќи и пеејќи, со неговите видеа воодушеви и стана вистински хит на социјалните мрежи.

Речиси сите објави на неговиот Фејсбук профил се со неговите колеги, камионот и малата дружба која ја има таму негде далеку.

На последната објава на Фејс, Андруш објавил видео од камионот и им се обраќа на Македончињата. Видеото е од ноември минатата година.

„Здраво, моја мила, напатена и жалосна мајка Македонија. Што е денеска Македонија, ако некој има така поголема, поширока визија или реално кажано и речено, да е човек реален, пошто денеска е многу тешко да е така.

Не било така многу време, зошто ние сме фактички мала Америка. Македонија е мала Америка, минијатурна. Зошто така мислам дека е?

Затоа што, јас сум овде, во оваа недојдија. Е сега, во нашата мила Македонија, нашата државичка, малечка, полна со бандити, со сѐ живо.

Почнаа да се понашаат, како овдека што се понашаат овие, а како е то? Еден со други да се прават глуп, да си веруваат едни со други, да се смеат, а и многу неписмена нација, тотално неписмена нација, се научија да носат и костум.

Значи тука има да се, многу малце кажав, ако може некој да ме сфати што сакам да кажам, е така. Господ напомош да е, не знам што да речам, no comment.

Вие сте нешто чудо од луѓе, не можам да сфатам. 30 години истата манџа ја јадете, како не пробате нешто ново, не ви се здосаде. Како можеш, истите, истите, истите работи нонстоп?

И сега кој дојде пак, напочи му се, наврти му се, како сакаш речи. Тикви едни.“

Оттогаш Андруш не е толку активен на Фејс, но на Инста почесто објавува слики и видеа. Пред 5 дена, Андруш објавил видео на кое го честита Св. Атанасиј, кој се паѓа на неговиот роденден.

„Здраво, добар ден од кај што сум јас, добровечер од кај што сте вие, добро утро од кај што се тие и како било, само за добро да е. За многу години свети Атанас, честито име на сите што си го слават, да се живи и здрави сите секаде, во цел свет.

Фала ви многу, на сите за честитките и само за убо да е. Само за убо. Напијте се по една за мене, пошто овој ненормален систем, мене денеска не ми овозможи да…

Знаеш како е то, тие што знаат знаат, тие што не знаат, не знаат, тоа е сеа,“ рече Андруш и запеа неколку песни на видеото кое го сподели.

Видеото можете да го погледнете подолу