Пред скоро време, младата пејачка Антониа Гиговска откри дека наскоро ќе се оствари во улогата на мајка.
Имено, Гиговска сподели фотографија од ултразвукот и напиша неколку емотивни зборови.
„Долго време се криевме од вас, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа. Малечко мое, од сега секој роденден ќе го славиме заедно.
Среќен роденден на мене и погодете кој ќе стане мајка. Со душа те чекаме“ – стои во објавата на Антониа…
Покрај веста дека е во блажена состојба, Антониа откри и кој е таткото на бебето. Тоа е музичарот кој е во нејзиниот бенд, Роберт Спасенцовски, со кого таа е во љубовна врска неколку месеци…
А, инаку, негов татко е музичарот Боби Спасенцовски, кој редовно настапува низ клубовите и е доста успешен со свирките. Боби се огласил за Женски Магазин и кажал дека е радосен што ќе биде дедо.
Кога ми ги соопштија убавите вести занемев од радост. Не знаев што да кажам на почеток, испушив една цигара, ми требаше време да ги средам емоциите. Потоа ги гушнав, им честитав. Цел ден ни се јавуваат луѓе да ни честитаат, јас не знам што да кажам, збунети сме, и многу сме среќни.
И јас се оженив млад како и Роберт, на иста возраст, и мислам дека така и треба да биде, да оди по тој ред. И многу е подобро кога младите се решаваат да станат родители на помлади години.
Јас ќе бидам млад дедо, и како помлад ќе можам повеќе да го чувам внучето“, изјавил Спасенцовски кој има 47 години.
Вели дека со радост ќе запее на свадбата на синот и на снаата. „Нема да дозволат децата свадбата да помоне без да запеам“, кажа Спасенцовски.
Во една прилика, Антониа раскажа како од Тел Авив, кога била да пее пратечи вокали на Тамара брзала да се врати во Македонија, за да прослави матура.
-Само што пристигнав од Израел од Тел Авив, бев на Евровизија, и бев пратечи вокал на Тамара. И тој успех што го постигнавме таму и тој успех што го постигна Тамара мислам дека е најголемиот досега.
И имаше така некој момент. Баш беше се во брзање за да стигнам на матура, затоа што ќе ми беше криво да не стасам. Ние се вративме со Дарко Димитров ден пред да се вратат сите други.
Специјално за матурата се вратив, а Драко се врати до мене, и тука се случи хаос после Евровизија. Сите слават, некој трча лево, некој трча десно, а ние клучот го бараме од соблекувалната.
Не можеме да го најдеме клучот, сите ствари ни се таму, а авионот не чека. Со Дарко трчање натака навака, некако го земавме клучот. Сите под еуфорија… И стигнувам вечерта, другиот ден се спремам за матура.
Идам на проба, фустанот, сите процедури. И вечерта на матурата, професорката Каролина- македонски, ќе ја поздравам во овој момент, навистина ми беше многу голема поддршка во тоа време.
И излегува да ме поздрави, да каже дека Антониа пристигнала од Израел, дека постигнала голем успех со Тамара на Евровизија, седмо место, честито се, Proud. И сите место аплауз да дадат, сите УААА!
50-50. Некои аплауз, некои УУУУ. Па, ми беше мака искрено, не се осетив баш убаво, ама тогаш и бев помала. Сепак сме биле деца, така го гледам тоа. Не можам да го гледам од некоја лоша страна.
Тогаш можеби ми било тешко, но сега кога ќе се навратам, одиме понатаму, деца сме биле. 18 години, сега не сме деца, ама пак“, рекла Антониа. А кога на бим се појави слика од Иван Јованов, таа рече: Ова е мојот бивш дечко.
Потоа, кога ја праша Жаре, дали си сега во врска, оваа наша пејачка одговори: Во сама со себе врска сум, и рече дека не мора да кажа дали е или не е.
Антониа ноќеска пееше во еден клуб во Струмица, а нејзината најава на Фејс, Антониа ја одбележа со четири фотографии на кои пејачката изгледа многу згодна.
Антониа беше облечена во тексас фармерки, јакна и носеше топче кое си одговараше со останатите две модни парчиња.
Всушност, на овие фотографии многу малку се забележува дека пејачката носи бебе, речиси и да нема стомак.
„Мама… Настап после мала паузичка.. За вечерва ми се падна Струмица,“ напиша пејачката во описот.
Во текот на вечерта, Антониа објавуваше видеа и слики од нејзиниот настап, а по тоа колку е енергична на сцена со скокање и играње и покрај тоа што носи бебе е неверојатно.