Трифун Костовски, поранешниот градоначалник на Скопје и еден од најголемите македонски бизнисмени. Костовски, на својата страна на социјалните мрежи, последниве месеци објавува исповеди од свои пријатели, при што и тој проговорува за нив.
во една прилика, зборуваше за неговиот брат Стефан: ДРУГАРУВАЊА – Стефан и Трифун Костовски.
Стефан: За вистинските вредности на мојот брат Трифун! Величината на големите и хумани луѓе е отсликана во нивната скромност. Трифун е пример пред сè за човек, а потоа голем добротворец и хуманитарец.
Тој е личност со свои принципи, високи стандарди, кои се дел од неговата животна етика.
Многумина ја потврдуваат неговата хуманост и човечност, а делата говорат дека секојпат помагал и сè уште помага на било кој начин, без оглед на верската, етничка и национална припадност, онаму каде што е потребно.
Тој секојпат кога ќе го запрашаат што е тоа што Ве поттикна да се истакнете како голем хуманист, Трифун одговараше: „Ме прави среќен, целосно исполнет и што е најбитно духовно побогат за уште едно добро сторено дело“! Едноставно, тоа сум јас!!!
Трифун, уште од најраното детство ја покажуваше неговата скромност, неговата стабилност и смиреност, секојпат знаеше да избалансира во одредени моменти и да го донесе најправилното решение.
Тој, уште од најмала возраст пројави интерес кон музичкиот такт, кој веднаш го користеше штом ќе почневме заеднички со родителите да пееме.
Беше толку снаодлив, така што постојано додека пеевме, тој тактизираше и држеше ритам со удари во страничниот дел од домашниот шпорет.
Стекнатата љубов кон песната и понатаму со задоволство ја применува во амбиент секаде каде што е потребна.
И во оваа возраст неговиот апетит кон музиката се проширува со носење на еминентни пејачи и изведби на заеднички музички дуети со цел задоволување на сопствените музички емоции.
Со тебе брат, не врзува едно убаво време, прекрасно детство со многу спомени и заеднички отпеани песни, детски палави игри и младешки л удоpии..
Трифуновото мото е „Добрината секогаш се враќа со добрина“ и цврсто подадената рака без скриени намери, без очекувања и награди, Трифун го воздигна во благословена и крупна личност, со срце исполнето со љубов и нежност.
Трифун Костовски е богат човек, богат со искрени пријателства, богат со знаење и искуство, богат со чувства и емоции, богат со зрелост и искреност, богат со љубов и добрина.
Најчесто се стреми кон остварување на зацртаната цел, пропратена со своите лични манири: комплетна елеганција, пријатна насмевка, смирен тон, рафинирана гестикулација, стабилен однос…
Тоа си ти Трифуне мој! И за крај, те молам не се разочарувај од злобните луѓе кои сакаат да ти наштетат, бидејќи тие немаат такво широко отворено срце како твоето.
Верувам дека се ќе биде добро, верувам во твојата истрајност и човечност, верувам во добрината на севишниот ни Бог, а најмногу верувам во нашата братска љубов.
Знам дека таа љубов ќе те заштитува и бодри, да истраеш храбро и достоинствено! Ти посакувам успех, мирно здравје и секое добро! Те сакам и те почитувам, твојот брат Стефан!
Трифун: Мојот почитуван и сакан брат е постар неполни 5 години од мене. Како човек чесен, професионален, со длабоко чувство за процена на луѓе, нивниот вредносен капацитет и во основа човек вљубеник во се она што го опкружува нашето живеење, песна, игра, спортување, дискутирање на теми блиски и далечни.
Ама времето поминато во негово опкружување е секако прекрасно, бидејќи позитивната енергија која избива од него за мене е секојпат порив повеќе да издржам кон зацртаната цел.
Во најраното детство 5 години значат многу. Јас бев секојпат мирен, повлечен, тешко зборував, додека брат ми беше моја спротивност.
Нашите родители знаејќи ги нашите посебности, секојпат посветуваа време на секој од нас токму толку колку требаше да не изведат на прав пат“, кажа Трифун за својот брат.
На Фејсбук се објавени слики од едноп интересно скопско друштво, а ги објавил Саша Шотаровски кој е познат скопски угостител. „Колку прикаски, Скопје за почетници, Добри луѓе. Се можеш да купиш, минато НЕ“, стои во објавата.
На сликите, може да се забележи и Трифун Костовски со неговата препозналива пура, како ужива во скопското сонце и во опуштено издание муабети со пријателите.