Naslovna Zivot Ништо не ја слушам жена ми- Сашко Коцев искрено прозборе за својата...

Ништо не ја слушам жена ми- Сашко Коцев искрено прозборе за својата сопруга Смиљана

Познатиот македонски актер, Сашко Коцев, кој секогаш знае да ја насмее публиката и своите следбеници на социјалните мрежи, е омилен на многумина.

Сашко Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи..

Вели дека не му е проблем да ги координира чувањето на ќерката Јоана и креативниот процес.

Тој во екранизацијата на „Зоки Поки“ го играше таткото на Зоки, и за таа улога во Вечер прес изјави:

„Ете и ова култно, антологиско дело од нашето детство ја дочека својата екранизација. Бев многу возбуден кога продуцентот ми ги донесе сценаријата како подарок за мојот роденден и рече дека веќе е време да го одиграм првиот татко.

Иако е напишана пред многу години, згодите и незгодите на едно дете се универзални и безвременски. Знам дека од целиот тим е работено со голема радост и ентузијазам“, кажа Сашко по тој повод.

„Зоки Поки“ е ТВ-серија според истоимената книга за деца на писателката Оливера Николова, првично објавена во 1963 година од страна на „Детска радост“, по што следувале голем број изданија.

Повеќе од половина век книгата била задолжителна лектира за учениците во македонските основни училишта. Преведена е на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и германски јазик.

Режисерот Александар Поповски и продуцентот Роберт Насков се одлучиле за екранизација токму на „Зоки Поки“

не само затоа што сметаат дека ова култно литературно дело е релевантно за многу различни генерации, туку и поради недостаток на домашна ТВ програма за деца.

Сашко Коцев досега дал повеќе интревјуа, но едно е поврзано со неговиот начин на живот, со cтpecoт, со здравјето, а зборувал искрено и за својата сопруга Смилјана, во pluspharma.mk

-Нормално е на едно цвеќе ако му дотураш тоа што му треба, земја, вода и сонце во нормални количини, дека ќе процвета. Ако му дотураш многу ќе се уништи. Така е и со човековото тело.

Храната е многу полесно достапна од порано, поевтина и во поголеми количини.

Така, ние премногу ставаме во себе и некаде внатре се случува претовар и почнуваат проблемите.

Мојата исхрана се базира на месо и салати. Не јадам леб, хамбургер, бурек, симит погача, а ниту тоа што го јадам не е во големи количини (ха-ха). Мислам, се гледа по мене. Иако и тоа што некои работи ги избегнувам, не е фанат ично.

Секако дека знам да седнам и на бургер и на бурек. Сето останато за мене е измачување и стресирање на организмот. Посебно кога јадеш сè, па одеднаш стануваш веган или поминуваш на некоја строго пропишана диета.

Cтpec? Веројатно неможноста, немоќта човек да се справи со проблемот. Или бурно реагирање на новонастанатите ситуации, без разлика дали е работа или семејство.

Дури и неможноста да се стигне навреме, доцниш, почнува да се реагира панично и нервозно, бурно. Веројатно во организмот се прават различни хемиски реакции кои потоа почнуваат да нè тру јат однатре, па веројатно затоа многу болести ги поврзуваат со него.

Инаку, има само 2 чекори доколку се јави проблем. Првиот е да пробаш да најдеш решение. А вториот е дека не смееш НИКАКО да се нервираш, зашто тоа не ти го решава проблемот.

Само си нервозен, а проблемот пак си е тука. Еве, на пример, ако доцниш, не смееш да се нервираш, зашто ти секако ќе стигнеш подоцна. Решение е само да тргнеш порано“, рекол Коцев, а потоа го прашале:

Колку и дали ги слушате препораките и советите на аптекарите со оглед дека дома сте „под надзор“ на лекар? Колку Сашко е сам свој лекар и дали има некоја рецептура, со оглед дека неговата сопруга Смиљана е лекар, а тој кажа:

-Јас си имам матичен, домашен лекар, тука сум обезбеден. Но, секогаш ме прекорува дека ништо не ја слушам од нејзините лекарски препораки, туку си измислувам некои свои нови методи и се чуди од каде ми доаѓаат тие идеи.

Имам некоја своја логика за некои медицински и фармацевтски решенија, но не би знаел да објаснам од каде. Не се базираат на баба Рада чаевите, едноставно, се трудам со што помалку лек ови да поминат работите.“, рекол Сашко.