На 25 август минатата година, се навршија четири години откако засекогаш од овој свет си замина признатиот и омилен актер Ванчо Петрушевски, познат по многу улоги со кои многумина пораснаа.
Ванчо својот пат не го почнал како актер. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа во Скопје, отсек за актерски кадри, во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент дошол до израз веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ.
Инаку, глума студирал во Софија. Исто така, учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии итн.
Ја има добиено наградата „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски. Потоа, за Најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година.
Награден е за за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“.
Добил награда за најдобро актерско остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Душан Ковачевиќ.
Петрушевски е добитник на Државната награда 23 Октомври за остварување во областа на културата и уметноста во 2016 година. Гоце Тодоровски, негиовиот добар другар и соработник, на коме морацијата за Ванчо изјави дека тој повеќе во животот бил со Ванчо отколку со самиот себе.
Од „Театарче лево ќоше“, „Хихируку“, Македонските народни приказни, „Грев или шприцер“, „Солунски патрдии“, „Трст виа сСкопје“- нема филмски или театарски проект во кој го немаше Ванчо и неговата харизма.
Роден кичевчанец, дипломоран актер, а несуден инженер, школуван од животот, дошколуван на театарските штици, големиот другар на Ванчо,
Гоце Тодоровски со право се вбројува во неколкуте актерски имиња кои оставија свој белег во македонската театарска и филмска сцена.
Во театарските, Гоце Тодоровски води запловил брзо благодарение на неговиот талент, движејќи се брзо по спиралата на успехот, ибјави Еспресо во една прилика.
Забележителен печат остава во еден од 10-те најдобри филмови во Југославија ,,Среќна нова 49та“. Филмот во 1987ма беше југословенски кандидат за 59. доделување на Оскарите, во категорија за странски филм.
– Среќна нова е снимен 198…и некоја, веќе не се сеќавам точно. Јас веќе бев познат како Гоце Тодоровски – глумецот. Јас му бев првиот другар на главниот лик, Светозар Цветковиќ, бев еден од тепачите во бандата, бев најнизок, а жилав.
Специјалност ми беше да удирам со глава – раскажува Гоце во едно интревју. Гоце се докажа и со улогата на Кирца молерот во „Викенд на мр товци“, уште еден култен македонски филм, снимен во далечната 1988 година.
Еден од првите големи успеси ги доживува со улогата на Цанде во „Солунски патрдии“ и ја добива наградата за најдобра машка улога.
– Солунски патрдии е играна 21 година. Почнав како млад со Сабина Ајрула, игравме дечко и девојка. Остаревме и пак ги игравме заљубените Цанде и Фатиме“, изјавил за Еспрсо Гоце.
Вели дека Ванчо е крив што станал актер, дека татко му не можел да замисли да биде нешто друго освен инженер.
– Татко ми беше воено лице и не можеше да замисли да бидам нешто друго освен инженер.
Се запишав на Градежно, бев еден од најдобрите ученици во класот. Исто со мене заврши и Ванчо, заедно бевме од 5то одделение.
Тој сакаше да оди на глума веднаш, затоа замина за Софија, таму се запиша. Прва година заврши тој во Софија, јас во Скопје. Заедно со другари отидовме летото во Бугарија на одмор. Е сега, кога се враќавме, на граница не му го вратија пасошот само на Ванчо.
Му рекоа ќе си го земеш во Скопје, ама не го зема. Затоа мораше да се префрли тука на Академија. Тогаш беа и уписите.
Почна да ме наговара да се запишеме заедно. Му велев, како бре да се запишам, ако ме примат што ќе правам, а тој ми рече, ќе ќутиш, никој нема да знае.
Од 70 кандидати ме одбраа во 7те кои се запишаа. И ќутев сè до завршувањето на Академија. Кога сосема случајно и моите дознаа.
Кај нас беа едни пријатели на татко ми. Да се пофали со синот ми го побара индексот. Е тогаш дозна…- се сеќава легендарниот македонски глумец.
Во една прилика, ќерката на Гоце Тодоровски, Сашенка се сети токму на Ванчо Петрушевски, кој како добар другар на Гоце бил дел од нејзиното семејство. Таа сподели слика со својот татко и со Гоце.
Во спомен на Ванчо кој беше тандем со Гоце, но и повеќе од другар, една приказна сподели Горан Марковски, кој е администратор на Фејсбук страницата на Ѓорѓи Колозов. На сликата се Ванчо, Гоце, и неговата ќерка Сашенка.
– Ванчо Петрушевски, Сашенка Тодоровска (ќерка на Гоце) и Гоце Тодоровски. Ванчо и Гоце беа неразделни другари уште од школска возраст, од деца, подоцна колеги и најпопуларен телевизиски тандем цели 40 години, се до заминувањето на Ванчо.
Ванчо беше кум на фамилијата Тодоровски. Нивната блискост, обострана почит, другарување никогаш вистински не заврши и по сосема непотребното заминување на Ванчо, нема ден Гоце да не се потсети на својот другар, пријател, колега, кум“, стпи во описот на оваа фотографија.