Naslovna Zivot Милена од Канал 5 со говорна порака за што не е нормално...

Милена од Канал 5 со говорна порака за што не е нормално кај еден човек, многу луѓе се согласија со неа

Водителката Милена Антовска- Станковска од Канал 5 е омилена кај глеачите и поради својата спонтаност пред ТВ камерите.

Ретки се личностите од естрадата кои може да се пофалат со едно вакво поведение. Единствено врвни професионалци во својата работа, можат да кажат дека за нив не се пишувало во негативна конотација.

ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието.

За нејзиниот изглед и модните комбинации во кои се појавува се пишува доста, но таа секогаш знае да се појави во некоја интересна и впечатлива комбинација која заслужува внимание.

Таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар.

Милена е доста активнa на социјалните мрежи, како на фејсбук, така и на инстаграм каде што објави фотка и напиша:

-Се обидувам секој слободен момент да го поминам во природа, а во последен период одам на Водно.

Искрено најубаво ми е сама, затоа што тогаш се поврзувам на некој начин со себе, а доле во градот не можам да го постигнам тоа, најчесто заради технологијата која меѓудругото ми треба и за работа…

Пешачејќи имам време да си размислам што сакам, што имам, што ми недостасува, итн… Не брзам никаде, тој час, час и половина е само за мене.

И додека сонцето ме печеше така убаво си размислував што е она што во животот го земам здраво за готово?!

Малку се подисплашив кога сфатив кои работи не сум ги ценела доволно, а на што се’ сум давала непотребно време, внимание и значење.

Но, човек учи додека е жив нели“, напиша Милена. Таа е среќно мажена за Гордан Станковски и е мајка на Лана Марија и на Јоана.

За „Еспресо.мк“, Милена се присети како се запознала со својот сопруг.

– Гордан го запознав пред нешто повеќе од три години во една кафана. Односно тогаш првпат се видовме и од таа вечер па натака почнавме со комуникација.

Социјалните мрежи помогнаа многу како и секогаш. Брзо после тоа започнавме врска. Паметам дека второто наше гледање беше во дискотека – изјави Милена во 2019 година.

Милена Антовска на својот Инстаграм профил се огласи со прашање кое ја маче лодолго време, па сега реши да ги праша обожавателите што мислат за тоа:

„Што се однесува до она што го постирав прееска, станува збор за едно прашање кое многупати ми поминувало низ глава. Не дека е од животно значење, некој ќе се насмее и ќе рече, „Па, што има врска.“

Ама не знам зошто, често ми доаѓа на ум да се запрашам, какви се тие луѓе кои што немаат барем ниту еден другар/другарка од детството?

Дали е проблемот во нив или баш нив им се случило, им се погодило, сите тие што им биле од детството другари/другарки да ги зафркнат, ако можам така да се изразам и да кажам.

Или пак, станува збор за луѓе кои што имаат проблем и треба да си го решат, затоа што мене искрено не ми е нормално, да немаш ниту еден, значи ниту еден другар или пак другарка со кој што си растел.

Од маало, не знам, од основно, итн. Што мислите вие?, заврши Милена, а потоа доби многу одговори од луѓе кои се согласуваат со нејзиното мислење.