Катерина Коцевска (родена на 11 април 1959 во Скопје) — македонска театарскa, филмскa и телевизискa глумица.
Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во 1982 година во класата на проф. Вукан Диневски.
Од 1983 година е член на ансамблот на Драмски театар – Скопје. Од тогаш остварува бројни главни и споредни улоги во претстави на Драмскиот театар, но и во другите театарски институции во Македонија.
Од 2019 година е директор на Драмски театар – Скопје. Како глумец игра и во филмски, ТВ и радио проекти.
Коцевска во време на пандемијата, во 2020 година даде интервју за Вечер прес каде што зборуваше за состојбите во Драмски театар и за нешта кои требале да се реализираат но поради пандмијата застанале.
„Сакав со радост да споделам дека ни одобрија инвестиции за менување на скршените стакла на салонот на Драмски, кои преку 13 години стојат со закачено предупредување „Не проаѓајте покрај стаклата заради опасност од паѓање!“.
Исто така и за прозорците во канцелариите кои се во слична состојба, за тоалетите во салонот за публика и за мене најважното – менување на даските на театарската сцена кои се дотраени и несигурни.
Ги добивме тие инвестиции и кога требаше да почнеме со распишување на тендер… сè застана.
Театарот постои преку 2000 години. Преживеал пандемии и опстанал. Она што го прави театарот и понатаму привлечен за публиката и покрај сите електронски закани е живиот контакт и различноста на секоја изведба. Ниту една претстава не се повторува.
Таа заемност помеѓу публиката и актерот на сцена, таа енергија која се пренесува и разменува може да се случи само во театар. Затоа театарот постои и опстои. Празен театар ме загрижува и растажува.
А дали публиката ќе се плаши да се врати во театар? Секако ќе се плаши да се врати утре или во блиско време, но публиката ќе се врати. Да се надеваме дека тоа ќе биде набргу.
Сметам дека со дигитално пренесување на снимени претстави се нарушува магијата на “уметност во живо”.
Снимките се со слаб квалитет затоа што се воглавно “работни” снимки, направени да се потсетат актерите на претставата ако истата не се играла подолг период или се обновува.
Има и професионално снимени претстави од телевизиски куќи, но за мене дали снимката е направена со една или пет камери… е сепак снимка и не е ни близу до она што е “изведба во живо”.
Во театарот гледачот бира што и кого следи на сцената.
Тоа што пуштивме на Јутјуб снимки од претстави кои со години не се на репертоар, го направивме само заради неможноста на публиката и актерите да дојдат во театар. Во нормална состојба не би сакала така да се претставува театарот.
Ги гледав и јас снимките и знаејќи колку беа тие претстави моќни во живо, ми беше многу тажно“, рече Коцевска за Вечер прес. Нашата позната актерка на своите 62 години изгледа одлично и навистина не се дева.
Таа не се појавува многу во јавноста но се појавила на концерот на Танец во Македонската опера и балет минатата година интересно облечена во нејзин стил, со високи патики, кожна јакна и шал.
Таа покажала дека изгледа како девојче, а се сликала со Мартин Вучиќ, директорот на Танец. А сега се појави една нејзина постара слика, од времето кога била млада.
Во мини сукња, а до неа Драган Спасов- Дац, нејзиниот колега, Коцевска е сликана на претстава, а Дац на неговиот Фејсбук профил детално објасни која е оваа слика.
-РЕТРО ФОТО Првата главна улога на Дац во Драмски театар во претставата “Не сега драга” (1991). На фотографијата е со Катерина Коцевска“, напиша Драган Спасов- Дац на Фејсбук.