Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Јордан Митев, со успех опстојува на македонската сцена долги години а во меѓувреме подготвува нов албум и два концерти за прославувње на својот јубилеј.
Јордан Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.
Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.
Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.
Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од кој што Митев собрал големо искуство.
Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.
Како автор досега има напишано доста голем број композиции кои што некои од нив се наградувани во Македонија
-За овие 15 години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.
Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач. Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.
Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудил да бидам оригинален. Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам.
Денес мерило за успешна песна се прегледите а според тие е одлично. А прегледите за фолкери се многу мали. Медиумите многу малку пуштаат фолк музика.
Тешко е фолк песна да стане хит за еден месец, потребно е време. Но, сметам дека на фолк сцената треба нешто свежо и нешто да се менува.
Нека има примеси на фолк но треба промена и во имиџ и во визуелизација, треба нешто модерно. Времето на аматеризмот е поминато. На нашата сцена недостасува квалитет и сите ние треба да си го признаеме тоа, изјави Митев во една прилика за ММС.
Митев рече дека никогаш немал дилема што ќе стане отако ќе заврши училиште, тој знаел дека ќе стане музичар.
-Јас завршив во село Подареш, тоа е моето родно село, радовишко село, прилично големо место, тоа е над 500 куќи, живо е ,активно.
Јас и денес се одморам таму, ја црпам мојата енергија. Таму завршив основно, а паралелно патував два пати неделно во Радовиш да учам и музика. Потоа, се запишав во средното музичко училиште во Штип, рече Митев во емисијата „Магазин“.
Тој магистирал оркестрација кај познатиот професор Живоин Глишиќ во Скопје. Митев зборуваше за сите семинари насекаде низ светот каде што одел како претставик на македонскиот фоклор.
За познатиот музичар Драган Даутовски кој му бил професор, тој рече дека му бил како татко и имале прекрасен и пријателски однос.
Јордан Митев е светски патник, има настапувано секаде низ светот, а и сега објави селика дека летнал од Македонија, и тоа во една од најбогатите држави, Швајцарија.
Јордан ги поздрави своите обожаватели со слика од Аеродромот во Цирих со куфер во рацете.