Naslovna Zivot Игор потсети на едно заборавено дело на маестро Џамбазов, со посебен повод...

Игор потсети на едно заборавено дело на маестро Џамбазов, со посебен повод се огласи и позната пејачка која на овој начин е поврзана со маестрото

Маестро Александар Џамбазов на 3 февруари ќе наполнеше 87 години. Кога пред две години наполни 85 години, роденденот прв му го честиташе неговиот син Игор кој на својот инстаграм-профил сподели фотографија од диригентот.

„Среќна 85-ка маестро мој“, напиша Игор во описот на фотографијата.

На 25 јануари минатата година, Сојузот на композиторите на Македонија со огромно жалење соопшти дека овој свет го напушти истакнатиот македонски композитор, диригент и долгогодишен член на СОКОМ, Маестро Александар Џамбазов.

Втемелувач на македонската детска и популарна музика со голем број на изведени, снимени и печатени и наградени дела во земјата и странство, истакнат општествен деец во целокупната музичка култура, за што е добитник над 40 стручни и општествени награди и признанија во Македонија и во поранешна СФР Југославија.

Добитник е и на Државната награда „11 Октомври“, Наградата на град Скопје „13 Ноември” и др. Маестро Александар Џамбазов е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија.

Потоа, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и на најпознатиот, најафирмиран и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа „Златно славејче“.

Неговиот исклучителен придонес е и во музичкото исполнителство како диригент со над 40-годишен непрекинат и континуиран работен стаж, и како несебичен пропагатор на опусот на македонските композитори од овој жанр.

Во неговиот богат творечки и интерпретавен опус се обединети сите негови животни и креативни настојувања на взаемно преточување на „сериозниот” и „популарниот” жанр врз кои базира целото негово творештво што опфаќа оркестарски, хорски, камерни дела, забавни мелодии, песни за деца, музика за филм и за театарски претстави.

Александар Џамбазов е роден на 03.02.1936 год. во село Стапар, Војводина, Р. Србија од мајка Цветанка-домаќинка и татко-Методи-учител од Штип, кој бил преместен во 1934г. во Војводина поради своите напредни идеи.

Во 1947г. во Скопје го завршува најпрво нижото музичко училиште (започнато во Штип) и средното – 1956г. Истата година се запишува на Музичката академија во Белград, каде дипломира во 1960 година.

Веднаш по дипломирањето поканет е да работи во Радио Скопје, и тоа најпрвин како соработник во Редакцијата за сериозна музика, потоа во Редакција на забавна музика и музичката продукција, а од 1964 година е назначен за диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје на кое работно место се наоѓа до неговото пензионирање.

Џамбазов беше горд татко на актерот Игор Џамбазов, на Татјана Џамбазова која е архитект и живе во Америка. Тој никогаш не ја прежали загубата на својата Анче, познатата актерка Анче Џамбазова.

Маестро Александар Џамбазов, кога во февруари во 2021 година го прослави својот 85 роденден, за порталот ММс.мк раскажа како го прославил овој ден.

– А, како славам. Па јас сум зат вор- еник, не излегувам од дома или тоа е многу ретко. А што ќе славам. Мојот живот без Анче е тр агикомедија. Јас сум медицински феномен.

Имам шеќер 25 години и за овие години на контрола не сум отишол. Не сум бил на контрола 24 години, а 22 години не сум го мерел шеќерот.

Ме држи љубовта кон Игор и Тања. Тоа ме одржа во живот. Инаку, без Анче немаше да преживеам“, изјавил Александар Џамбазов. Тој додал дека пие по една чаша црно вино за ручек и за вечера и дека излегува до пазар еднаш во две недели.

А денот на неговото раѓање, на свој начин, и со насмевка на лицето и со песна го одбележа Игор Џамабзов.

– Денес му е родениот ден на маестро Џамбаз. Во таа чест, еден негов евергрин. Вие да сте живи и здрави!“, напиша Игор, и по тој повод го отпеа неговиот евергрин „Сакам да сум јас детелинка“.

На ова негово видео коментираа доста познати личности, а меѓу нив е и Тијана Дапчевиќ, која е родена на ист ден со маестро Џамбазов, тоест и таа денес слави роденден.

-Сакам нешто да ти дам, нешто за двајцата нас, далеку негде кога си сам, кога те немам јас“. Ова се стиховите кои Игор ги отпеа за својот татко од песната која во оригинал ја пеела Мони Ковачиќ, а малкумина знаеле дека ја напишал Џамбазов.