Naslovna Zivot Ели Танаскоска целата блеска во летен фустан, сега веќе не е само...

Ели Танаскоска целата блеска во летен фустан, сега веќе не е само водителка, туку стана и модел (ФОТО)

Ели Танаскоска е мајка, професионално реализирана жена која го негува детето во себе, која не ги штеди своите насмевки и ведрина.

Ова го напиша во една прилика Фешнел, за нашето познато ТВ лице Ели Танаскоска. Со неа зборувале за животното искуство, за нејзините приоритети и амбиции, за заводливоста и убавината на жените во петтата деценија, но и за проблемите и слабостите…

Што научивте од животот до сега, ја прашале Ели во ова интервју, а таа одговорила:

-Дека е големо школо. И таман ќе си помислиш дека си дипломирал, пак се враќаш во прво одделение. Постојано треба да учиш. Во животот научив дека семејството е најбитната работа, здравјето, среќата…

Треба да имаш голема среќа, оти џабе е се ако немаш среќа. Луѓето околу тебе што ги сакаш, семејството што ти ја дава енергијата, битно е да си ја сакаш работата и да бидеш опкружен со луѓе што те разбираат и да се реализираш.

Само реализираниот човек може да биде среќен. За себе можам да кажам дека во различни периоди од животот сум била различна. Секогаш во животот ми недостасуваше амбиција.

Јас сум од оној тип на луѓе кои што би можеле да направат се, но да бидат втори. Ќе помогнат се на тој што ќе биде прв и што ќе се искачи на врвот, но никогаш јас да не бидам на врвот.

Да бидам некаде во позадината. Ми се случи еднаш, кога ме праша еден едукатор од Америка за „leadership”, толку многу потенцијал имаш во себе за иновации, за креации, за инвентивност, зошто дојде на овој курс?

Реков ми фали амбиција. Сметам дека немам доволно амбиција во себе за квалитетите кои ги поседувам.

За човек кој што зборува 4-5 јазици, има толку специјализации, магистерски, докторат… мене ми е некако поубаво да бидам во сенка.

Да не бидам некако толку напред истурена. Не сум „истурен” играч. Повеќе сум оној семеен човек. Можеби затоа што татко ми често патувал, мајка ми исто така често патувала, понекогаш со брат ми сме останувале дури и сами на десет годишна возраст.

За мене семејството е навистина света работа. И сега, едната ќерка ми е во Канада, другата исто така три месеци беше таму и многу ми недостасуваат“, рекла Ели. Но сега едната ќерка Леона живее во Скопје, а Симона е во Канада и има две ќерки.

-Ми недостасуваат тие моменти на ручеци, зборување, вечерни седенки до сабајле. Еднаш годишно се гледаме. Дали ако дојдат тие или ако одиме ние, одржуваме близина.

Па дури и „скајпот” е одлична работа и постојано сум во тек. Со повеќето од работите сум во тек дури повеќе со ќерката во Канада, отколку со ќерка ми тука. Но, ми фали да ја прегрнам, да ја стиснам со рака, тоа ми фали многу…“, кажала Ели.

– Патувањата се нешто што ме исполнува. Среќа што мојата работа тоа ми го дозволува.

Да запознаваш личности кои се од други култури. Патувањата на прво место. Знаеш како, можеби во тие години, човек сфаќа што му недостасувало кога е во 20-те години.

Го брка тоа некако да го фати. Јас сум се смеела секогаш кога ќе речат кога си млад имаш премногу време, а немаш пари, а кога си во позрелите години имаш пари ама немаш време. Тоа е период кога треба да се ужива.

Со едукација си завршил, децата си ги „извадил на пат”, со надградбата на кариерата си завршил, и тука веќе следува еден период каде буквално треба да си го слушнеш внатрешниот пулс.

Мене во моментов патувањата и спортувањето ми се приоритет. Секое искуство од тие патувања, е искуство само за себе. Јас имам талент за јазици.

Многу лесно се снаоѓам во туѓи средини, па благодарение и на тоа што сум музикална, само малку да го слушнам гласот на човек од друг дијалект се прилагодувам и зборувам како него“, рекла Ели која е водител на емисијата „Неделен магазин“ на МТВ.

Ели Танаскоска објави своја нова слика на Фејс, на која целата блеска, тоест на неа има цветен фустан со откриени рамења. Сликана е во студио, ама позира како модел, а всушност и е модел.

Тааа рекламира фустан на модната дизајнерка Ивана Кнез која за Ели во оваа прилика напишала: Прекрасната Ели во наш модел за време на снимањето на најновата емисија. Жена инспирација“, стои во објавата.