Naslovna Zivot „Дрвја и камења“ по Лејла Рамковска за часовите по јога- таа...

„Дрвја и камења“ по Лејла Рамковска за часовите по јога- таа им одговори… (ФОТО)

Лејла Рамковска во моментов е најпознат јога инструктор кај нас. Флексибилна во ставови, цврста во намери, адаптибилна на промени.

Во една прилика таа кажа дека благодарение на јогата, никогаш не се чувствувала подобро и пофит, за што сведочи и нејзиниот изглед и витка фигура.

За неа важна е здравата навика во однос на исхраната, а за една жена е важно и негувањето од внатре. За Женски магазин во една прилика, Лејла ги откри тајните ритуали за убавина.

Кога станува збор за козметика јас сум навистина од тие кои имаат само по една крема за лице, еден лосион, една бб крема… (се смее).

Повеќе вложувам во редовни третмани од страна на дерматолог кој многу добро ми ја познава мојата кожа“, изјавила Рамковска.

Таа е инаку поранешна сопруга на бизнисменот Сефер Цановски и ќерка на Велија Рамковски, поранешниот сопственик на А1 телевизија, и веќе неколку години назазад е позната јога инструкторка.

-Не постои група на луѓе за кои смее или не смее или не се препорачува да практикува јога. Секој може да практикува јога..

Само е важно да си го најдеш вистинскиот тип на јога кој што ти прилега на твојот карактер, рече Лејла Рамковска во една прлика.

Кога би опишала што јогата направи за мене, со еден збор, тоа е трансформација- дефинитивно. Започнав на 30 години со јога.

Тие што практикуваат кога знаат. Не можев ни мост да направам, апсолутнио бев многу крута. И не само крута, туку немав ни снага.

Е сега тука е е тој момент кога ќе се разочараш и егото ќе настапи и ќе прекинеш, ќе речеш- не е ова за мене. Или малку ќе си дадеш шанса.

Секогаш тоа им го кажувам на оние што ќе почнат кај мене на часови, да не очекуваат резултати веднаш.

Да си дадат едно време, барем од месец дена, чувството барем да го осетат, доброто чувство во телото“, рече таа во видео интервју за Точка.

-Во животот верувам за секој од нас, доаѓа таков момент кога треба да направиш избор кон каде ќе се движиш…

Дали тоа ќе биде кон самоу ниш тување, самосожалување и не среќа или кон пронаоѓање на сила во себеси за трансформација на самиот себе во најдобрата верзија. Затоа треба и верба во самиот процес, но и мир со себе и светот околу нас.

Јас и мојата фамилија, надминавме многу тешки моменти.

Тоа го направивме со свесноста дека само со вртење кон себе, секојдневно наоѓање на причина за чувство на благодарност, како и огромна љубов и верба кон животот и кон еден на друг, како фамилија….

Ете така излеговме од сè што ни се случи како посилни луѓе.

-Моето семејство е мојата најголема поддршка. Секоја позитивна промена секако е за поддршка. Благодарна сум им нив, благодарна сум и на Неда, мојата учителка. Благодарна сум на сите предизвици во животот, кои ме донесоа на овој пат.

Од секоја ситуација можеш да излезеш како победник. Верувај во себе и секогаш, секогаш сакај“, има изјавено Рамковска во Женски магазин.

Таа даде интервју за Приказна.мк и раскажа каква била и што и се случувало пред јогата.

Со јога почнала откако и било дијагностицирано дека центарот за баланс и е нарушен, имала константни вртоглавици, дел од ст pес, дел од спондилоза и дискус…

Првично почнала со физикална терапија. Но, потоа ја заменила со јога во домашни услови и сфатила дека јогата и помага повеќе од сите терапии.

-Причините да почнам да се интересирам за јогата беа многубројни.

Од физички аспект имав проблеми со главоболки, со половината, со вратот, од пси хички аспект пак, почнав да се ослободувам од сите проблеми и блокади во човековото тело, кои влијаат на здравјето, вели во интервју за „Приказна“, Лејла Рамковска.

-Број еден совет, кога се работи за почнување/задржување на тренинг рутина? Постави си цел, тоа да ти биде НАЧИН НА ЖИВОТ.

Тоа значи, непотпаѓање на мотивацијата како водич, која знае да варира. Не сме завршиле работа ако направиме две недели супер интензивен тренинг и потоа една пауза додека повторно мотивацијата не се појави пак.

Не си тука за ден два, за една цел, за еден предизвик, кои се супер да ги имаш и да ти ја разигрува рутината.. Но задржи се и до оние мали, поблаги но континуирани тренинзи.

Не заборавај дека ваквата посветеност ќе ти донесе долгорочни резултати, како во физичкиот изглед така и во стабилност на менталното здравје.

Уживај во секоја грижа што си ја даваш а служи на твое добро, тоа ти е најдрагоцениот поклон“, напиша таа неодамна на својот Инстарам профил.

Лејла на Инстаграм објави пораки од луѓе кои ја критикувале , а една од тие пораки гласи вака:

Неубавио и недоволно објаснети вежбите. Воопшто не се соодветни за почетници и покрај тоа што Лејла тврди дека се за сите нивоа.

На прашањата во група се добива одговор после неколку денови“, објавила Лејла, а таа на ова одговорила: Има случаеви каде што мојот стил на вежвање не ви одговара“, и рекла дека тоа претходно го има нагласено.

Има и друга порака, тоест критика за Лејла која вели: Јога часовите се многу лоши. Неубаво објаснети, тотално неадекватни за почетници, интеракција со тренерката не постоеше…

-Колку е лесно на Фб да си фо фрлаш своето мислење како факт, бидејќи нели, сите знаеме се и тоа најправилно“; одговорила Лејла.