Naslovna Zivot Влатко Миладиновски сподели многу емотивен спомен со вујко му, Војо Стојановски –...

Влатко Миладиновски сподели многу емотивен спомен со вујко му, Војо Стојановски – „ВУЈЧЕ“ (ВИДЕО)

Еден од најбараните пејачи кај нас и во дијаспората Влатко Миладиновски, како што е познато потекнува од музичко семејство, а за него неодамна зборуваше неговиот братучед, Дамјан Стојановски, синот на големиот Војо Стојановски.

Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски. Во интервју за ИН ТВ, Влатко Миладиноски ги открива неговите планови за следниот период.

Како што открива, во тој период се подготвувале неговите нови песни во студиото на неговиот брат Златко Миладиноски, а со тоа на неговите фанови им најавува вистинско изненадување.

Инаку, Влатко, Златко и Дамјан, синот на Војо- нивниот братучед, често настапуваат заедно.

Еве во последно време сработивме нешто, спремивме многу нови песни кои што лека полека ќе ги издаваме. Тие се веќе спремни само го чекаме вистинското време, некои гостувања по емисии, така да не бевме цело време пасивни.

Во студиото на брат ми Златко, реализиравме многу идеи кои што во идниот период секако во свое време ќе бидат објавени.-истакна Миладиноски за естрадниот магазин Естрада плус.

Дамјан во емисијата „Магазин“ на Сител раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци.

„Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.

Објасни дека младите од неговиот, кичевски крај доста ја негуваат традицијата и многу ја сакаат македонската народна музика како него.

Влатко, неговиот брат Златко и нивниот братучед Дамјан Стојаноски, беа на турнеја низ Австралија на крајот од минатата година, која траела повеќе од еден месец. Според она што често го објавуваа на социјалните мрежи, турнејата поминала успешно.

Нашите музичари посетиле многу градови, испеале многу песни, биле на забави, потоа на гостување во медиуми, добиле дрес од фудбалски клуб и уште многу авантури за кои претодно пишувавме.

Влатко дури беше и кум во Австралија, и тоа по трет пат, како што објави на Фејсбук.

Потоа, кога оваа турнеја заврши, Влатко се огласи на Фејсбук со подолг статус, и ги сумираше впечатоците од ова доживување, и детално објасни како се чувствуваат и што се поминале:

– Заврши нашата голема Австралиска турнеја 2022, а ние сме конечно дома!! Во овие 38 дена поминавме мноогу километри и многу долго “бевме во облаците!! Поминавме во скоро сите градови ширум Австралија.

Видовме многу Македонци, нашинци, пријатели познаници и роднини! Одржавме голем број на концерти и се изнапеавме наши македонски песни!

Ова “Terrific trio” (како што не нарекуваа),составено од Влатко/Дамјан/Златко си замина од Австралија со длабоки траги и спомени и со надеж дека сме оставиле мал белег во Австралија со нашата турнеја!!!

За крај благодарност до друштвото “Никола Карев” за прекрасната организација, гостопримството и доделените плакети за најуспешна турнеја(по втор пат)!

Поздрав и благодарност до сите наши блиски луѓе кои во одредени места беа цело време со нас и покрај нас!!

Бесценета подршка! Ние продолжуваме понатаму со нашите активности периодов!!! Живи здрави и весели да се гледаме за убави нешта и на убави места!!“, напиша Влатко на Фејсбук.

По повод роденденот на Војо, на социјалните мрежи се огласи неговит внук Влатко Миладиновски, кој објави видео од нивен заеднички настап, во чиј опис напиша емотивна порака за својот вујко.

„На овој ден му беше роденден на мојот вујко Војо Стојаноски. Сигурно ќе пиевме нескафе “студено”. Вечна му слава”, напиша Влатко на Фејсбук..

Влатко и сега се присети на вујко му, и тоа на емотивен начин, постирајќи заедничка песна со Војо, која се вика „Кажи ми вујче“, а ја пееле заедно. Под оваа обајава имаше доста коментари, дека многу недостасува музичката легенда.

Видеото од песната „Вујче“ можете да ја видите ТУКА