Naslovna Zivot Вака никогаш не изгледала Светлана Црнокрак- на гала настан, со важни личности...

Вака никогаш не изгледала Светлана Црнокрак- на гала настан, со важни личности и амбасадор ги засени сите (ФОТО)

Светлана Црнокрак е личност која плени со својата убавина, успешна жена и мајка која зад себе има кариера која е за почит, една од првите манекенки во Македонија.

Со неа разговаравме за професионалните почетоци, кариерата денес, но и приватниот живот во кој таа е сопруга и мајка на две деца.

Ова за Светлана Црнокрак, го напиша Хибрид во една прилика, а таа за овој медиум во истото интервју изјави:

– Секоја жена е убава на свој начин. За мене не постои неубава жена, туку пред сè негувана и помалку негувана.

А кога зборуваме за убавина, секако дека се мисли на сите квалитети кои жената ги поседува и ги зрачи одвнатре надополнети и со надворешната убавина.

Како и секоја тинејџерка сонував да зачекорам на модните писти, да се најдам на насловна страница и да бидам дел од некој престижен избор на убавина. И се разбира ми се оствари и тој сон.

За прв пат на мои 18 години учествував на избор за убавина, Мис на Македонија. Тоа ми беше еден вид отскочната даска во мојата кариера. Запознав луѓе кои ми ги отворија вратите во светот на модата.

Иако ќе кажам дека тоа време беше многу потешко за разлика од сега, бидејќи тоа време кај нас не постоеја модни агенции, туку самите се грижевме околу нашите ангажмани.

Имам учествувано и освојувано многу титули на изборите за убавина, особено на интернационалните, каде што навистина бев горда како амбасадор на македонската убавина“, рекла Светлана, а потоа го споменала сопругот Мики.

Со Мики се запознавме токму на модна ревија. Заедно работевме. Уште од самиот почеток на нашата љубов, најискрено си помагавме и си ги кажувавме своите недостатоци доколку ги имаше.Така функционираме и сега во однос на работата.

Убаво е кога сме и двајцата во иста бранша и мислам дека кога едниот не би го работел истото(бидејќи оваа работа е специфична) можеби би имало повеќе проблеми. Жолтиот печат го прифативме како дел од нашата работа и мора да е присутен, но сепак во граници на нормалата.

Меѓусебното разбирање, љубовта, почитта, толеранцијата се и двигатели на нашата долгогодишна љубов, а како плод на тоа се и нашите две принцези Моника и Нина.

Недостасуваат модни случувања, ревии. Зборувам на модни случувања од нашето време, кои навистина беа спектакл. Кога беа посетени од илјадници луѓе, кога се бараше влезница плус на и кои навистина имаше што да се види.

Сега некако го нема тоа. Го нема тој дух. Сè е сведено некако колку да помине. Дизајнери имаме, иако ќе кажам дека вистинските можат на прсти да се избројат. Но, со оглед на тоа колкава држава сме, во тој поглед одлични сме.

Најгорда сум на тоа што имам прекрасно семејство, прекрасен сопруг и се разбира гордоста наша, Моника и Нина. Тука е и мојот остварлив сон, а тоа е успехот за сè она што го работам во светот на модата, и како модел, а сега и преку нашето Модно студио Црнокрак“, изјавила Светлана.

На ректорот на УКИМ, еминентен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од најпознатите абдоминални хирурзи Никола Јанкуловски

во француската резиденција за значајниот придонес во фарнцуско – македонската универзитетска соработка му беше врачено престижното признание.

Признанието е со наслов „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција. Одликувањето му го врачи францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

Токму од овој настан слики објавила Светлана Црнокрак на Фејбсук, која била во друштво на амбасадорот и била облечена во елегантен костум, и изгледала како фимска дива. Со неа бил и нејзиниот сопруг Мики Црнокрак.