Една од нашите најпопуларни водителки, Лила Филиповска секојдневно ја гледаме на Сител телевизија како водителка на квизот, кој прерасна во шоу, „Се или нешто“.
Лила со долгите години ТВ стаж зад себе, прерасна во голема ѕвезда, а сега веќе е и успешна инфлуенсерка со повеќе од 200 илјади следбеници на Инстаграм.
Водителката многу ретко зборува за својот приватен живот, па речиси никогаш ништо не открива.
На социјалните мрежи споделува фотогографии од нејзините активности, а многу ретко знае да сподели фотографија и со нејзиниот син Филип.
„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпаично се пошегува со своите следачи.
Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки. Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.
По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.
„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.
По тој повод Лила исто така во кратките приказни на Инстаграм кои траат 24часа сподели фотографија – колаж на која е заедно со нејзиниот син.
А, во описот на фотографијата напиша „Можеби сум те родила, но не се сеќавам. Најсреќен роденден човеку на мојот живот. Те сакам“, напиша Лила.
Лила веќе има снимено неколку песни, а сега реши повторно да ѝ се врати на музиката, па сними дует со младиот пејач Филип Пешевски.
Таа на промоцијата на оваа песна во 2021 година, дуетот со Филип Пешевски, целата блескаше. „Тешко мене без тебе“ е дует темата кои ја снимија Лила и младиот и талентиран пејач Филип Пешевски.
– „Тешко мене без тебе“ е прекрасна композиција која ми легна од прво слушање. Филип е младо момче на кое му претстои блескава кариера. Драго ми е што сум дел од неговите почетоци – кажа Лила тогаш.
На промоцијата. Лила облекла провокативно фустанче со чипка, а по сторињата се гледа дека како вистинска ѕвезда нејзиниот соработник Спасе ја земал од дома и заедно заминале на промоција.
Лила изгледала совршено, и внимава на исхраната, но и таа знае да си даде оддишка некогаш, па објави слики како се слади со сендвич од Мекдоналдс и напиша: Само едно залче.
Лила објави едно свое стори, како со кренати нозе се вози во автомобил, а ги истакна мрежастите чорапи кои ги облекла. Потоа, таа покажала кој ја вози додека вака ужива.
Снимката покажува маж, кој е тетоворан, и ужива во возењето со Лила, исто како и таа. На неговиот Инста профил bobosuperspanko можат да се видат доста фотографии со Лила.
На едната од нив, која е сликана на 2 јануари пишува: Каков е денот таква е годината затоа сакајте за да бидете сакани, а песната која е објавена до оваа слика е „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески.
По останатите слики кои се заеднички се гледа дека Лила и Бобо се супер пријатели, а и ознаките на сликите самите велат- мојата најдобра пријателка.