Вера Мештеровиќ е една од нашите најубави водителки која често е следена од гледачите на утринската, но и од обожавателите на социјалните мрежи.
Таа гостувала и во емисијата Еден на еден и таму кажала дека легнува во 12, на полноќ после децата, но станува во 5 и 15 и е свежа и наспана за на ТВ. Ама она што е интресно е и дека Вера во оваа емисија пеела.
За првпат, оваа наша мисица покажа и дека знае да пее, а како тоа звучело, и тоа со песната Јовано Јованке во последниот дел од емисијата.
За своите деца, Вера има изјавено дека е многу посветена и има принцип на воспитување:
-Ги воспитувам на трајни вредности, чесност, искреност, да бидат вредни, добри луѓе, да веруваат во себе, да го ценат својот труд, но и трудот на другите.
Да се одговорни, истрајни, ги учам на здрави навики за животот, за храната, хигиената, да не се откажуваат никогаш без разлика што нема да успеат од прв пат да продолжат, и да се обидуваат сѐ додека не го постигнат замисленото.
Впрочем сѐ се постигнува, сѐ е возможно, доколку сме посветени и истрајни за да дојдеме до целта во училиштето, во спортот, во професијата, во животот“, изјави Вера.
Во една прилика ја прашаа како би реагирала доколку ќерка ѝ тргне по нејзините стапки, а таа рече: „Би ја упатила на академија во Англија која се занимава со манекенство и филм, со сѐ што е шоу бизнис, своевремено во 1996 година добив покана од таму, меѓутоа не отидов.
Доколку го сака овој бизнис, јас тоа би ѝ го препорачала, токму од таа академија излегоа едни од најдобрите светски имиња во шоу бизнисот, филмот и модната сцена“, рече Вера.
-Обично се пишувале невистини поврзани за мојот приватен живот каде што информациите биле вадени од контекст, но и тоа е дел од јавниот живот.
Луѓето кои се до мене знаат што е вистина и тоа е најважно, немам никому за зошто да се правдам, објаснувам ниту да се докажувам.
Вера пред некое време објави дека е на забава на која што пееше познатиот балкански пејач, Петар Грашо кој неодамна доби ќерка со пејачката Хана Хулиќ.
Вера уживаше во релаксираната вечер за која задолжен беше Петар. Кога пејачот ја испеа песната „Aко те питају“, Вера не можеше, а да не го овековечи овој момент со видео на кое пее со многу емоции.
Познатата песна на Грашо е всушност многу емотивна, а стиховите кои веќе сигурно ви се познати ѝ легнаа на срце на водителката.
Пред извесно време, водителката Татјана Стојановска и Вера присуствуваа на ист настан и се облекоа многу слично, па оваа фотографија направи „бум“ на социјалните мрежи каде двете убавици се сликаа заедно.
Татјана на својот Фејсбук профил објавила интересно видео, во кое е пак манекенка, тоест е во улога на модел и носи фустан и бунда, а според она што може да се заклучи од оваа објава е дека убавата Тања не заборавила како се чекори по модната писта.
Всушност настанот е организиран од „Елена Лука“, а на овој настан присуствуваше и водителката Вера Мештеровиќ која, како и Татјана се појави на модната писта, а за Вера, пистата е веќе „гола вода“.
Иако досега никој ги немаше видено овие две грации заедно, Вера на својот Инстаграм профил објави слика со Татјана, а во описот додаде: „Ladies.“
Кога ќе ги погледнете и двете, ќе забележите дека водителките си личат една на друга, не само заради тоа што носат бунда, туку и по цртите на лицето.
Но, кој и да не се согласи дека си наликуваат, дефинитивно Вера и Татјана се поврзани поради тоа што и двете зрачат со убавина на свој начин и со сигурност може да се каже дека се најубавите водителки кај нас.
Вера Мештеровиќ постојано изненадува со своето издание, кога се појавува на утринската во Канал 5. Сѐ што ќе облече ѝ стои неверојатно добро, а најново се појави во кратко црно фустанче, бело сако и високи чизми на ниска потпетица.
Таа на фотографијата изгледа доста насмеана, но она што го напиша во описот, става прашалници и нѐ остава да се запрашаме што се крие зад оваа насмевка на Вера.
Имено, Вера го цитирала Роберт Тју и напишала: „„Бор бата во која се наоѓате денес, ја развива силата што ви треба за утре.” Среќна среда, стои во описот на Вера, па како и секој човек, веројатно и таа зад таа насмевка совладува многу препреки низ животот.