Сузана Гавазова во едно интервју за РБ телевизија објасни како таа ги пее и ги доживува своите песни.
„Важно е да се даде интерпретација, да се дадат емоции во песните, да се работат од срце, и мислам дека публиката ќе ги прифати веднаш. Тоа публиката го чувствува, кога песната е работена со љубов,“ изјави Гавазова.
Таа по потекло е од Струмица и како што е познато е горда на својот роден град и често го споменува во интервјуата.
Сопругот на Сузана, Јасмин се занимава со доста платена работа, со градежништво. Тој е инвеститор, и тој на социјалните мрежи објавува фотографии од проектите- становите кои ги продава, а инаку тој изгради и вила со поглед на Дојранското езеро за себе и за своите три принцези.
Во една прилика, Јасмин објави слики од него како ужива во спа центар, и се релаксира покрај базен и напиша дека е време и тој малку да се одмори по напорната работа со градежните проекти и продажбата на станови.
Сузана Гавазова на Инстаграм објави видео во кое на своите следбеници им ги честита празниците.
Ама, облечена е како никогаш досега. Во фустан со длабок шлиц, со екстра отворено деколте, Сузе е вистинска бом-ба.
Гавазова во една прилика за себе проговори:
-Кога бев дете многу сакав да бидам во друштво на стари луѓе и многу учев од старите. Се сеќавам кога даваа совети… Работи, троши, ама тргај пари за црни денови.
Никогаш не знае човек што може животот да донесе. Мора секој човек да мисли за утре. Никој не се надеваше дека баш на музиката и воопшто на културата такво нешто ќе се случи, но ете се случи, изјави Суза во време на пан демијата.
Навистина е многу тешко да останеш без работа, тоа не му го посакувам ни на најголемиот душман, посебно кога некој си ја сака работата и си ја работи со многу љубов.“
И покрај тоа што е криза јас продолжив со снимање на нови песни и спотови, но до кога? Воопшто не е исплатливо…
Но, ете колку можам се трудам да им подарам на моите досегашни фанови песна која ќе ги расположи и во овие тешки времиња ќе им биде лек за душата.
Да знаат дека не сум заборавила на нив и дека и во добро и во зло секогаш треба да бидеме заедно“, додала таа.
– Најголем адут ми е задникот, па се трудам да го одржувам како и целата линија, па комплиментите најмногу се однесуваат на тоа.
Силикони немам на гради, и не сум подготвена сеуште, мислам дека за тоа човек треба да има храброст. Имам само силикони на уста, пред 3-4 години. Другото сѐ е природно на мене.
Добро е да се биде жена затоа што жените имаат предности, таа може да биде мајка, тоа е нешто најубаво. Може да биде заштитена и мило ми е што сум жена.
Убаво е да си жена, особено убава физички, ако знае да ја истакне и искористи својата надворешна убавина.
-Немам среќа во љубовта и ми падна на мисла да одам некаде да се оплодам вештачки, ќе си имам дете. Меѓутоа мајка ми ме предомисли, ми вели: Па добро Сузе, ти ќе се правиш неспособна за маж?
Но, не губам надеж, ќе ми дојде среќата, јас сум уште млада (се смее). Во иднина се гледам како мајка, сопруга и добра домаќинка, затоа што најголемо богатство се семејството и децата“, рекла Сузе пред да го сретне Јасмин.
Изгледа на долгото чекање, на Сузе ѝ се удвои среќата, подобар маж од Јасмин не можеше да најде. Тоа колку се компатибилни еден со друг докажува фактот како се изложуваат на социјалните мрежи, а Сузе секогаш изгледа многу среќна и сѐ уште е вљубена во нејзиниот сопруг.
Имено, Јасмин на својот профил на Инстаграм се пофали дека завршил уште еден проект. Изградил прекрасна куќа која се гледа дека е практична. За напорната работа, Сузе го наградила со домашно јадење, спремила месо и пире.
Она што е интересно е тоа што Сузе ептен ја декорирала чинијата со пирето, како во некој луксузен ресторан, а на видеото каде го покажува јадењето, снимила како истура (веројатно) коцка за супа со вода врз месото за вкус или некој сос.
Она што е интересно е дека во повеќе наврати, кога Јасмин ќе објави некој проект, Гавазова го части со некое убаво јадење.