Naslovna Zivot Сам среде село, го фати силен ветер, Игор Џамбазов сподели видео од...

Сам среде село, го фати силен ветер, Игор Џамбазов сподели видео од невремето

Игор Џамбазов е заштитен знак не само на македонското глумиште, туку и човек кој со својот шарм и отвореност успева да го допре срцето и на обичниот човек – од најзафрленото демирхисарско село па се` до поширокиот балкански регион.

Со Игор Џамбазов во едно интервју за Фактор, разговарале за сите негови животни подеми и падови, за тоа што научил од дедо му Петре Прличко, но и за тоа зошто театарот и жените се неопходни.

Сите ние сме некаде помеѓу депресијата и еуфоријата. Тоа е оној ден во годината кога депресивните се обидуваат да бидат еуфорични. И тоа не изгледа баш најсјајно.

Kога обично го трошиме целиот буџет за месец јануари, па некаде после Водици, не` стигнува голема доза на каење. Кога бев дете, сето тоа беше толку многу волшебно, мистично и романтично…

Во деведесеттите години од минатиот век беше лудо и незаборавно. Постојат две или три нови години на кои едноставно не се сеќавам, а викаат убаво сме си поминале, хехехехе…

Денес, Новата година ни е нешто што мора да помине, некаков товар, обврска, што ли? А не е ништо друго освен еден здодевен кич. Кич до бесознание“, кажа Џамбазов за Фактор на темата Нова година.

Театарот, па и уметноста воопшто не трпат три работи: антиталенти, партија и администрација.

И има ли потажно од тоа кога ќе сфатиш дека ти, како уметник си, всушност, само една бројка, еден небитен штраф од машината што те меле? Нема.

Еден бивш премиер, во една прилика, сериозен ми кажа: А бе, што ќе ви се на вас глумците пари? Па, не ни требаат. Ни тогаш, ни сега. Ни треба само малку повеќе почит.

И после сето ова очекувате да зборувам за театарската продукција? Се снаоѓаат луѓето. Менаџерите, директорите, трчаат, молат, прават се`, само за да може да го работат она за кое сонувале. Да создаваат уметност.

Од мајка ми научив како се сака. Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот.

Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав. Од татко ми научив дека креативното лудило е дозволено. Од него научив и дека најважна е чесноста. И се трудев да бидам чесен.

Мислам дека успеав, затоа што во животот бев нечесен само кон себе. А од дедо Петре научив дека ако не мислиш дека си центар на светот, не можеш да бидеш актер, хехехехе…

Од него научив дека „боемштината“ не значи да си пи јан од утро до мрак. Дека тоа е начин на живот. Боемштината се љубовта, другарството, музиката и поезијата во едно.

Секој од нас е слободен онолку колку што се труди. Слободата како да е насекаде околу нас, само што ние тешко ја детектираме.

Тврдам дека слободата на секој од нас се наоѓа во нашата глава. И само таа слобода никој не може да ви ја одземе. На неа имате доживотно авторско право.

Сето она што ме тиштеше, ме правеше гневен, бесен, лут…го напишав во стиховите на мојата нова песна „И племето и се мето“. И многумина се препознаа во мојата приказна.

Ете така го искоментирав она што не` збудалува сите, она што не прави да се чувствуваме излажани, изне верени, изм анипу лирани. Ние уметниците можеме само да констатираме.

Тешко дека вака разделени, можеме зеднички да се избориме за подобро утре. Ние констатираме, а политичарите би требало да делуваат. Ама некако тешко им оди“, изјави Игор.

Игор Џамбазов последниов период објавува слики и видеа од селото Стрезовце. Познато е дека нашиот актер сака да поминува доста време во природа, а што помалку да е во Скопје.

Стрезовце или Стрезовци е село во општина Старо Нагоричане, во околината на Куманово, и Игор си ужива во една брвнара таму сам, тоест со неговата мачка Емилија.

Новото видео кое го сподели е по малку стра-шно, и го насловил како време- невреме, и го покажал силниот ветер кој го зафатил крајот каде што е сега Игор.

Видеото можете да го видите ТУКА