Славица Арсова- Цаци и Александар Спасовски познатиот ТВ пар од Сител, пред 12 години добија ќеркичка. Решија да ја крстат Мила, која е вистинска убавица а Цаци објавува среќни фотографии од својата ќерка на социјалните мрежи.
Како што е познато на целата јавноста, една година пред да им се роди ќерката, Александар во живо на вестите на Сител ја побара Славица за жена, а таа веднаш профати и во тоа веме медиумите могу пишуваа за ова запросување.
Цаци ретко споделува јавни објави на свијот Фејсбук профил.
Инаку, Славица е ќерка на нашата позната Тв новинарка Розета Асровска, која долги години својот „занает го печеше“ во Македонската радио телевизија, а Розета и денес е синоним за успешно Тв лице.
Во една прилика, Цаци сподели слика од својата мајка во младоста. Тоа е всушност насловна страница од списанеито за енигматика „Котелец“, кое беше мошне популарно порано за оние кои сакаат да решаваат крстословки. Сликата е од далечната 1982 година.
Розета и тогаш, а и сега е убава жена, а Цаци ја населдила убавината од својата мајка. На сликата која е речиси 40 години стара, се познава сличноста помеѓи мајката и ќерката Цаци, која е сега во истиот, телевизиски бизнис како и мајка ѝ.
Розета Арсова е една од нашите најпознати Тв новинарки, долги годии заштитно лице на Македонската радио телевизија, од времето кога беше ТВ Скопје, до денес.
Арсова во една прилика со гордост најави дека почнува емитувањето на Детски канал – МРТ 5 како нов ТВ програмски сервис од јавен интерес.
Следејќи го мислењето и реакциите на јавноста, во МРТ е препознаена потребата од специјализирани програми со содржини за деца и млади, што е и основа за креирањето на програмската шема на новиот Детски канал.
-Содржините ќе бидат најразновидни, и едукативни и забавни, наменети за сите возрасти, од најмлади до 18 години.
Во рамки на новиот канал ќе се емитува и ТВ училница, проектот за неформално образование, кој веќе три недели се прикажува на МТВ, откако со мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се затворени училиштата и градинките – рече Розета Арсова, уредник на програмата за деца и млади во МТВ.
Таа најави дека јунаци од најпопуларните анимирани серии, ликови од најубавите бајки, сказни и басни, потсетување на народните приказни, многу играње и пеење и по малку и учење, ова е најавата на содржините на Детскиот канал -МРТ5.
Незиниот заштитен е знак- боб фризурата која не ја промени од самите почетоци па до денес, е навистина за пофалба, објави неодамна Женски магазин.
Секој ден, повеќе од две или три децении ја гледавме на малите екрани. Одлична дикција, глас, став, ненаметливост… Вистински професионалец од водителка. Од неа научија многу оние кои се занимаваат со презентерство на телевизија.
Розета Арсова е лик кој не се заборава и се гледа дека Славица Арсова и се гледа дека мајка и ја научила до перфекција да води така тешки емисии во кои се бара врвна умешност.
Цаци сме навикнале да ја гледаме на вестите во палто и во кошули, што налага на протоколите кога се вестите во прашање..
Но, во една прилика, додека известуваше од локаните избори во 2021 година, се појави во поопуштено издание, во црн фустан со откриени раце, а беше во друштво на колегата Иван Кузмановски.
Цаци на својот Фејсбук профил, пред неколку недели објавила ретка семејна слика на која е и нејзината мајка Розета, а на оваа слика е и таа и изгледаат прекрасно и двете, и очигледно биле на семејна прослава на роденден.