Во Македонија стана позната откако учествуваше на натпреварот за млади таленти „Плеј потрага по ѕвезда“. Туна Сејди остана запаметена како еден од најдобрите пејачки.
Таа секако е една е една од најуникатните пејачки, и според начинот на музичката изведба и според екстравагантниот имиџ. Туна во последно време кариерата ја гради на албанската и на косовската естрада.
Сега Туна е горда мајка на Тиaн кој има неполни 6 години, и Зен кој има една ипол година, и успешно го менаџира приватниот и професионалиот живот.
Тиан е прв син на Туна и на, Патрис Бериша. Роден е во мај во 2017 година. По теркот на светките ѕвезди, Туна на својот Фејсбук профил објави фотографии од бебето само неколку часа по породувањето.
„Имаше моменти на дилема дали тоа што го направив е вистинскиот чекор и дали беше преголем луксуз за мене.
Публиката не ја интересира дали имаш биолошки план. Едноставно сака да те гледа во тој континуитет на настапи, со нови проекти.
Се трудев да го избалансирам сето тоа и си ветив себеси дека кога ќе се вратам сакам да се почуствувам потполно обновена, за да можам да направам едно силно ребрендирање.
Зошто многу е тешко за уметниците кои се многу малку на албанскиот пазар, и не само на тој, тоа е општо насекаде… доаѓањето на нови трендови и конкуренцијата е секогаш силна, а тоа те мотивира да работиш повеќе.
Оваа пауза многу ми значеше зошто од секогаш сум ги гледала работите на долг план.
И кога сум имала фаза на врвот на кариерата, со по три настапи на ден, во позиција да имам една од најплатените сезони, да бидам на листа на најплатените пејачи на пазарот, најважно ми било да има квалитет во сето тоа за да можам да ги планирам работите долгорочно.
Сега гледам дека многу работи не се сменети во меѓувреме. Но ми се чини дека албанскиот пазар за ова време е многу напреднат.
Но јас немам класичен менаџмент , како оној на почетокот на кариерата со М2. Сега такви продукциски куќи нема и за сè одлучувам сама.
Нема менаџер кој ќе застане зад тебе, а ти ќе бидеш само во креативниот дел.
Работите се поделени, имаш букинг агент задолжен за концертите, класичен ПР и секако тим на стилисти, hair&make up артисти кои ме следат со години“, раскажа Туна за магазинот „Машки магазин“.
Туна живееше на релација Приштина-Тирана- Скопје каде што е нејзиното семејство. Туна во последно време ја нема многу во јавноста.
Поп -пејачката Туна Сејдиу по втор пат стана мајка во мај во 2021 година. Таа се породи со синот Зен. Породувањето поминало во најдобар ред, а бебето и мајката се добри.
Туна објави фотографии од породилна сала и напиша: Се молев на Бога да ми донесе маж што секогаш ќе ме сака. Ме благослови со два сина. Среќен ден на мајките. Горда мајка на Тиан и Зен“.
Таа и нејзиниот партнер Патрис Бериша го имаат синот Тиан кој има пет ипол годии. Туна секогаш изгледа топ, ама сега откако е дупла мама направи голема промена со која се пофали на Инста.
Имено, пејачката веќе ја нема нејзината руса коса на која сме навикнати, туку има жар црвена коса, и со овој нов имиџ, изгледаше уште поогнено и подобро, но Туна сега пак е русокоса.
Минатата година, Убавина и здравје објави дека пејачката Туна Сејдиу се развела од сопругот Патрис Бериша.
Како што се зборува, бракот помеѓу пејачката и музичарот од Косово подолго време не функционирал, па Туна била таа која се решила да стават крај на нивната љубовна романса.
Од бракот, тие ги имаат двајцата синови Тиан и малиот Зен. Инаку ова на Туна и беше втор брак. Таа пред неколку години првпат се омажи за бизнисменот Рилинд Река, но бракот помеѓу нив траеше кратко.
Туна често објавува провокативни слики на Инстаграм, но сега се надмина себеси со овие, како ужива на егзотично место, и тоа во ресорт во Занзибар, покрај базен, облечена во целосен костим за капење, со тан-га модел.
Ако влезете на страницата на ресортот The Nest, ќе видите дека една вечер во овој ресорт за двајца со појадок чини од 430, па се до 770 евра, но убавата пејачка не се пофали со кого е на овој одмор.