Нема кој не ја памети Добрила Ивановска- Чабриќ од Дојран, која на 90 години стана победник на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“ во Белград, со своите топ изведби.
Во една прилика, таа ја раскажа својата тажна животна приказна, тоест за српската телевизија „Гранд“ сподели како ја поднела загубата на својот син.
„ Ако јас мојот син не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример, јас немам права да заминам по него. Тој крена раце од себе си, од животот, тој не сакаше да се лечи.
Замина прерано и велам дека немам право да заминам по него затоа што мене тој пат секако ме чека“, е дел од интервјуто на Добрила за српската телевизија „Гранд“.
-Пресреќна сум што имам поколение од својот син, што мојата крв оди понатаму. Затоа, имам сила да живеам, сакам да живеам и ќе им бидам пример на сите како треба да живеат“, рекла Добрила.
Во периодот на самоизолација и карантин поради вирусот во 2020 година, Добрила ги поминуваше во родниот крај. токму во мај во 2020 таа направи нешто моѓне интересно и невообичаено.
Таа тие денови излезе на улица, поточно покрај Дојранското езеро, запеа и им поправи расположнието на своите сограѓани, токму во времето на најголемата неизвесност која влаедееше.
Таа тогаш изјави дека кор оната нема да ја спречи да го прави она што го сака односно да пее. Токму затоа, супер бабата како што ја нарекоа во „Никогаш не е доцна“ излезе пред својот дом во Дојран и им запеа на сите на кои им недостигаше музиката.
„Иако имам 93 години, живеам живот кој е краток и убав.
Искрено, дури сега на овие години ја гледам убавината на животот, а оној кој ќе ме запознае знае дека покрај мене времето брзо поминува.
Ни кор ната не смее никако да ми пречи за да живеам со полни гради и да сум среќна“ вели македонската победничка на „Никогаш не е доцна“.
„Кај мене секогаш е весело. Не се плашам од никаков вирус. Мене кор оната не ми пречи да го правам она што го сакам. Преживеав и полоши работи од пандемијата“ вели Добрила за „Гранд онлајн“ и додава дека во изолацијата конечно направила нешто за себе односно се посветила на пишување.
„Времето го поминувам многу корисно и никогаш не ми е досадно. Ја завршувам првата книга во која ќе ги раскажам сите детали од мојот приватен живот.
Верувам дека ќе биде бестселер затоа што имам многу работи кои ќе бидат поучни за другите“.
Инаку како што претходно објавија повеќе медиуми, Добрила некогаш била голема музичка и актерка ѕвезда во Русија и на Кипар.
На снимањата на „Гранд“ од Дојран до Белград пристигнуваше со нејзиниот автомобил, а неколку пати има изјавено дека среде ноќе оди и во казино за да ги масира жените.
Со нејзината ведрина и волја за живот таа стана фаворит во шоуто, а многумина ја обажаваат и „завидуваат“ на нејзината енергија.
За нејзиниот изглед и виталност зборува целиот регион, а со своите изведби успеа да расплаче многу музички ѕвезди меѓу кои и Цеца Ражантовиќ, Маја Оџаклиеска…
Добрила некогаш беше голема ѕвезда во Русија и Кипар, а денес ја нарекуваат „чудото од баба“ од Македонија.
„Потекнувам од мешовит брак, со татко Македонец и мајка Србинка. Некое време живеевме во Гевгелија, но поради Втората светска во јна моравме да го напуштиме домот.
Бугарите кои беа главни во Македонија и дадоа улт имат ум на мојата мајка. Во рок од 15 дена мораше да ја продаде куќата и да ја напушти Македонија. Беше сама, бидејќи татко ми цело време беше на работа во Србија. Тогаш се преселивме во куќата на дедо ми во Пожаревац, вели Ивановска.
Актерката Јасмина Поповска на Фејсбук објавила слика токму дсо Добрила, на која се гледа дека оваа жена- карпа одлично изгледа. Сликани се во Дојран, а поводот за оваа слика е роденденот на Добрила.
– Среќен роденден драга Добрила! Благодарна сум што стана моја пријателка!
Благодарна сум на преубавиот ден поминат во твојата куќа во Дојран, гледајќи ги старите театарски фотографии од почетоците на МНТ и за разговорите за првите театарски претстави со врвни македонски актери-ентузијасти!
Твојот живот исполнет со сите животни сокови е инспирација! Да си здрава, жива и уште многу среќни години во твојот живот!“, стпи во објавата на Јасмина Попоска.
А инаку, Добрила е родена на 1 февруари во 1928 година, и наполни 95 години, а изгледа одлично, елегантно и средено. Секоја чест и уште многу години здравје и енергија.