Naslovna Zivot Лепа Брена искрено раскажа за нарушеното здравје на Боба- тој треба самиот...

Лепа Брена искрено раскажа за нарушеното здравје на Боба- тој треба самиот да си помогне

Во едно интервју, славната Лепа Брена искрено има кажано дека нејзиниот пат до славата бил трновит, и не ѝ било лесно да стане она што е денес, една од најпознатите и една од најбараните, но и најбогатите пејачки.

-Не можам да им верувам на луѓето кои поминале низ тежок живот, а потоа велат: „Јас би го направил тоа повторно“. Да се родам повторно, никогаш немаше да го направам ова.

Не само како Лепа Брена, туку како претседател или кралица на светот. Тешко и тешко е жената да биде жена и деловна жена.

Децата не ги интересира успешна мајка која прави кариера како пејачка и заработува добро.

Кога би можела да го вратам времето назад, никогаш не би била Лепа Брена – има кажано пејачката во интервју за Курир.

-Јас од секогаш сум сакала да пеам македонски песни, ја обожувам македонската музика и мислам дека некако најубавите забави биле со македонски песни, не само тука во Македонија, туку каде и да одам.

Како може да се пее, а да не се испее некоја македонска песна.“

Ова го има изјаевни Лепа Брена во едно интервју за centar.mk. Брена во еден период од својот живор, заедно спо сопругот Боба Живојиновиќ има живеено во Скопје, во времето кога тој имаше свој бизнис во Македонија.

– Јас со години наназад се научив да живеам како војник, и да бидам строга кон себе си. Секое претерување би ми наштетило, без оглед дали е тоа претерување како недоволна физичка кондиција на пример, која ќе донесе последици.

Пеењето е како возење велосипед, тоа е нешто што никогаш не се заборава, но пејачката кондиција зависи од физичката кондиција. Јас одамна се одреков од некои животни задоволства.

Смешно ми е кога ќе слушнам на нашите простори кога луѓето велат: Ако не јадам и ако не пијам и не пушам, за што тогаш живеам? Јас имам многу други причини да живеам.

Научив да бидам умерена во храната и да си скратам многу работи кои претставуваат балканско задоволство.

Јадам се помалку месо, и за себе можам да кажам дека не постам секоја среда и петок, туку постам веќе 35 години.

Ако јадам месо, тоа е еднаш во неделата. Мојата исхрана се сведува на некои лесни протеини, супи, чорби, можеби некоја јапонска или тајландска храна. Секоја храна, само не оваа нашава балканска.

Понекогаш ќе ми се случи да изедам некоја сарма, или некое месо, но потоа ќе се покајам, затоа што јас тоа не можам да го сварам“, рекла Брена во друго интервју.

Мислам дека на овие наши простори е многу здодевно ако речете дека живеете еден нормален живот. И тие написи се нешто што ги одржува читателите на порталите. На таквите луѓе не им е интересно ништо што е нормално.

А ние сме едно нормално и здодевно семејство. Медиумите нека си работат својата работа, ние нема да демантираме“, додала Брена.

Здравјето на Боба Живојиновиќ веќе неколку месеци е главна тема во медиумите, додека се шпекулира дека е нарушено поради вишокот килограми, сопругот на Лепа Брена конечно реши да каже што е во прашање.

Слободан Боба Живојиновиќ со месеци може да чита секакви текстови за себе на тема неговата здравствена состојба. Лепа Брена наводно е многу загрижена за здравјето на својот сопруг.

Причина за тоа е се попрекумерната телесна тежина на Боба, која во согласност со тоа што поранешниот тенисер премногу работи на проширување на семејната империја, може да му направи опа сни проблеми.

Сепак, самиот поранешен тенисер ја откри вистината за неговото здравје.

– Пишуваат за тоа, но јас не обрнувам внимание. Знаете како, јас работам по дваесет часа, сега за сега фала богу добро сум, резултатите покажуваат добри параметри.

Дека имам вишок килограми, тоа е вистина, но некако ги носам – низ насмевка изјави Боба за Story, додека Брена додаде:

– Здравствената состојба на Боба е толку инт имна тема што не сакам да ја споделам со јавноста. Кога ќе одлучам да споделам нешто повеќе, ќе го направам тоа.

Истото важи и за сите луѓе кои се борат со килограмите – не можеме да ги присилиме, но треба да им помогнеме сами да го решат проблемот.

Затоа верувам дека кога Боба сака да го реши тоа ќе го направи, бидејќи досега во животот постигнал се што наумил. Се надевам дека и ова ќе биде.