Naslovna Zivot Еднаш модел, засекогаш модел- Маја Глигоровска се враќа на старата професија- изгледа...

Еднаш модел, засекогаш модел- Маја Глигоровска се враќа на старата професија- изгледа подобро од било кога (ФОТО)

Маја Глигоровска во минатото беше активна на модната сцена, и беше една од најпознатите манекенки и фото модели, а учествуваше и во многу спотови.

Маја Глигоровска пред извесно време се фотографираше со модниот менаџер Мики Црнокрак, и со уште неколку поранешни колешки и пријателки.

“Најдоброто од Црнокрак”, пишува на фотографијата. Додека се занимаваше со манекенство, Глигоровска има освојувано многу титули.

Најважна е онаа за Мис бикини Универзум во Кина, пред 17 години. Манекенката Маја, денес е посветена на сосема друга професија. Таа работи како одделенски наставник во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Аеродром.

Иако денес не работи како модел или како водителка на забавни емисии како во минатото, Маја редовно објавува фотографии на социјалните мрежи и изгледа совршено.

“Се повлеков од манекенството затоа што го достигнав врвот. Јас сум дипломиран одделенски наставник и оваа работа ме исполнува”, изјави Маја. Таа беше член на модното студио “Црнокрак”.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ Маја раскажа дека на моменти и недостасува модата, но потенцираше и дека педагогијата отсекогаш била нејзина голема љубов.

Исто така ,зборуваше и дека многумина ја осудуваат поради тоа што е наставничка.

– Луѓето не ме знаат, а ме осудуваат. Не ја познаваат мојата суштина, јас во времето кога почнав да работам како учителка минував низ тежок период во животот.

Во тој момент се разведував, останав самохрана мајка и барав само можност и прилика за да работам.

Дипломирам педагог сум, неодамна станав и магистер за односи со јавност, цело време се надоградувам и вложувам во себе и мојата кариера, децата ме сакаат и тоа ми е најважно од сè, рече Маја во интервјуто.

Маја Глигоровска е често во друштво со водителките Јована Стојаменовиќ и Лила Стојановска, за што сведочат фотографиите од нивните заеднички излегувања.

Таа е многу горда на својот син Константин и повремено објавува и негови фотографии.

По пет години брак се раздели од сопругот Никола Николоски, со кого го има синот.

-На работа како и сите мои колеги кои поминале низ потребните филтри, не сум примена веднаш. Сум работела на проба како замена, секако по завршено соодветно образование, јас сум дипломиран педагог.

Сум ја сакала и ја сакам работата со децата, се трудев и добив решение на неопределено, но продолжив да си работам со ист жар и постојано внесувам нешто ново на часовите за да им ги направам поинтересни.

Тоа што е сѐ поголем бројот на атрактивни наставнички ме радува, тоа значи дека внимаваат на себе и на својот изглед. Клучно е да се сакате себеси за да им бидете пријатни и на останатите!

По 10 години активна работа како манекенка и фото модел не можам да кажам дека се оттргнав од манекенството, едноставно тоа беше период кога ми се случија пресврти на многу полиња.

Родив дете, создадов семејство и некако постепено се смени фокусот на моето внимание, па се повлеков додека се стабилизирам.

Понуди за работа како фото модел имав, а имам и ден денес. Сметам дека таков е природниот тек на работите, не познавам манекенка или фото модел кај нас која се пензионирала работејќи како модел. Сите ние имаме други таленти или интереси.

Мојата желба отсекогаш беше да работам како наставник со деца, сметам дека ја познавам нивната психа и дека сум добар педагог. По манекенството секој си го наоѓа својот пат. Ова беше мојата најголема желба и не згрешив при изборот.

А манекенството е моја прва љубов и секогаш ќе остане. Ќе сработам и во иднина сѐ што сметам дека е за мене предизвик и дека ќе ме исполни во моментот. Но моето животно мото е – никогаш не вели никогаш!“, рекла Маја во Женски магазин.

На новите снимки кои ги објавила на Инста, таа изгледа дека пак му се враќа на манекеството. Снимана е како ја разубавува познат стилист, кој претходнио има работено и со други познати дами.

Маја Глигоровска позирала по добро завршенета работа, по разубавувањето, и се гледа дека моделингот ѝ е во крв, иако долго не го работела, како никогаш да не престанала.