Доктор Горан кој работи во Германија, важи за доста популарен доктор на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде секојдневно споделува искуство и дели совети.
„Јас во Македонија не бев во работен однос туку како волонтер на Кардиологија, па не можам да направам точна споредба, но откако дојдов во Германија последните 5 години мојот живот се врти само околу медицината, пацие нти, бо лести.
Медицинските ходници станаа мојот дом (затоа во Aмерика овој период се нарекува „residency“), социјален живот освен со фамилијата и колегите скоро и немам“.
Често објавува моменти и искуства од работата во бол ницата, па така и сега после долгочасовно дежурство реши да сподели како е да се биде дежурен лекар во Германија.
„Како изгледа едно дежурство: 13 часа одговорен за преку 120 стационерни пациенти, ургентен центар и интензивна нега.
Работата е толку густа и полна со адре налин и постојано донесување одлуки со неодморен мозок што после тоа си целосно исцрпен.
Она како после добра журка и пијанчење до сабајле.. Само што доаѓаш дома и прво му треба време на телото да ги одработи катехоламините пред да можеш да заспиеш.
А второ преку ден сонот не е ист и не одмара доволно. И ТАА ЗАБАВА ЈА ИМАШ ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК, а можеш по желба и 7 ДЕНА ЕДЕН ПО ДРУГ да работиш (над 90 саати си во болница таа недела).
После тоа добиваш една недела слободна доколку ја избереш таа опција. Само што првите 3 дена ги проаѓаш во навикнување на дневен биоритам.
Платено е добро, но далеку од доволно ако се увиди типот на работа. Горд сум на тоа што стигнав да го носам овој товар, иако веќе не ми е потребен.“, напиша докторот.
Кај доктор Горан на профил може да се видат многу едукативни видеа од областа на медицината, па не само студентите, туку и оние кои не се занимаваат со медицина, се интересираат за овие видеа.
Доктор Горан секогаш на сликовит, обичен и лесен начин ги прикажува основните работи за појавите кои се случуваат во човековото тело за да бидат разбирливи за секој.
Она што е многу интересно за докторот е тоа што покрај сите случувања во нашата земја, тој секогаш си дава негово мислење, но на крајот за да „стивне“ ситуацијата, докторот се шегува на оваа тема.
Па, така тој објави слика од лифтот кај него на работа во болницата, каде што често се слика и напиша, „Имам кредити“.
Доктор Горан е познат по неговите кратки видеа каде ги едуцира своите обожаватели со знаења од медицината, но е исто така и мотивација, особено за помладите, по тоа што вежба и се храни здраво.
Доктор Горан многупати има пробано различни начини на исхрана, само месо, на пример, но и автофагија. Она што е интересно е што докторот е секогаш искрен и не се покажува поинаку на социјалните мрежи.
Тој објави видео/кратка изјава на која раскажува што му се случило и се заколна пред неговите фанови дека ќе се смени.
„Дечки, со мене се случи нешто неубаво, односно си дозволив да изгубам контрола, повторно. И последниве недели, ниту вежбав, ниту пазев што јадам, односно одев во ектреми, сѐ што сум пропуштил последниве месеци, го надокнадив сега.
И качив, не знам за колку време, колку кила, многу и јас имам така еден лимит кога ќе го достигнам, полека, не можам да се поднесам себеси. И сега сум на тоа место дојден и панталоните на работа веќе не можам да си ги облечам како што треба.
И тука е мојот, сензор, каде што кажува „сега мора да прекинеш,“ така да, се колнам пред Вас и пред себе, во следните два месеци ќе вежбам редовно, ќе јадам само зеленчук, месо и овошје. Идеме,“ изјави доктор Горан кој на видеото изгледаше видно разочаран.