Драган Мијалковски некогаш жареше и палеше по македонските и тогашните југословенски фестивали на забавни мелодии. Без него не се можеше.
Победуваше најмногу во Скопје, но се китеше со награди и популарност и преку настапите во Белград, Загреб, Сараево, Сплит и Опатија…
Мијалковски е еден од нашите напознати пејачи, голема музичка ѕвезда, а беше најпопуларен во 1970-тите и 1980-тите. Со леснотија пееше поп и нова македонска народна музика.
Зад него се илјадници концерти долги турнеи и настапи на фестивали и многу песни кои слушателите и денес ги обожуваат, пеат и сакаат одново да ги слушнат.
Драган Мијалковски роден е 1950 година и зад себе има долга кариера од над педесет години. Почна со забавната , се сврте кон народната а компонира и детски песни.
За тие негови времиња, за почетоците и детството за кое малку јавноста знае, за растењето во Скопје, првиот настап во живо, првата снимка, омилените песни и како настанале дел од нив и за тоа како ги минува пензионерските денови
(од пролет до доцна есен) во Подмоље во кои вели дека има премногу време за компонирање и неговата љубов музиката Драган Мијалковски раскажа во Публицитет.
По завршувањето на Техничкото училиште во родното Скопје и неуспешниот обид да студира на Вишата техничка школа во Битола, во 1969 година, ја испроба среќата на аудицијата Барајќи млади таленти и следниот ден ја прави својата прва снимка на Радио станицата.
Тогаш почнуваат правата за снимање и подготовка на нови музички материјали. Соработуваше со врвни композитори:
Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓер, Слава Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ… Учесник е на многу фестивали, а најголеми хитови беа: Гитаро моја, Оди си, Кажи нешто драга…
Токму песната „Кажи нешто драга“ е напишана е во 1976 година. Авторот Ванчо Димитров во една прилика откри дека мелодијата ја работел два-три месеци, а потоа го замолил Ѓоко Георгиев да му напише текст.
– Му напоменав дека желба ми е песната да ја пее Драган Мијалковски, кој во тоа време беше најголемата македонска ѕвезда во Југославија.
Му ја пеев десетина пати, Ѓоко слушаше внимателно и одеднаш му излета сега веќе познатиот хит: „Кажи нешто драга, па макар и лага“.. Другите стихови за песната беа релативно готови – откри композиторот.
Мијалковски ја отпеал истата година на Скопскиот фестивал и победил убедливо според гласовите од публиката. Драган во 2013 година одржа свој концерт во Универзалната сала, и а денес е послабо активен во јавноста.
“Сите влегоа со голем ентузијазам во овој проект. Сакав да го поддржам и драго ми е што мене ме одбраа како пејач, веројатно зашто сум поактивен од другите од тој далечен период на творештво и продукција.
Со моето учество да ѝ дадам поддршка на таа млада екипа, на која ѝ претстои кариера”, изјавил Мијалковски во интервјуто за “Дневник” тогаш, а инаку тој слабо дава интервјуа. Како што е познато, син на Драган е Дарко Мијалковски кој се пресели во Австралија.
Како што е познато негов син е Дарко Михајловски е наш познат музичар, шоумен, водител, продуцент, менаџер, пијанист, композитор.
Тој го основал и долги години го организирал познатиот фестивал за деца „Супер ѕвезда“. Мијалковски на времето беше и директор на фестивалот Макфест, во 2014 година.
Мијалковски, откако престана да го работи фестивалот Супр ѕвезда се повлече од јавноста. Тој е инаку оженет со д-р Марија Мијалковска и има две деца. На крајот од минатата година, тој на Фејсбук објавил дека со семејството се сели во Австралија, поточно во Бризбејн.
Во едно интервју кое е објавено во text.mk, пишува дека Драган бил штитеник во дом за деца без родители, и тоа во Загреб, а тој објасни како тоа се случило:
– Не дека немав родители, но тие беа разведени, па не можеа да ме чуваат. Мајка ми се вратила во Скопје во 1952 година, а татко ми останал во Хрватска на служба, а судот ме доделил нему, кога сум имал две години.
И тогаш тој ме дал во еден дом за деца без родители во Загреб, дом што го посетувала и Мајка Тереза. Подоцна, кога се отвори музејот, а и дојдов до некои монографии, прочитав дека навистина сум бил таму.
А, дома имам една дописна картичка од милосрдните сестри кои мајка ми ги прашува за мене, а тие и одговараат на хрватски јазик: „Вашиот син Драган повеќе не е кај нас, Министерството за здравство на Хрватска го даде на посвојување во едно семејство“.
Тоа го прочитал таткото на мајка ми, кој има работено во суд и викнал: „Што е ова, има ли закон, па барем да нè прашаат нас?“ Познати наши судии и правници му објасниле дека по сојузен закон мора мајката да се праша, иако судот одлучил да бидам кај таткото.
Се качуваат во воз заедно со мајка ми, навредени од постапката и одат кај министерот и му велат: „Ние не излегуваме од канцеларија, овде ќе јадеме, пиеме и спиеме додека не го донесете Драган“. Три дена поминале, ме носат назад и потоа моите ме земаат и ме носат во Скопје.
Затоа јас имам свој мотив, а не дека сум бил заинтересиран за пораст на мојата популарност или за моето естрадно битисување, таму сум бил по човечка линија, по линија на страд алник и затоа и така влегував во тоа секогаш несебично“, кажал Мијалковски.
Тој одамна не е активен во јавноста, а се појави на една хуманитарна забава минатата година, Нна Гала вечерта на Прва детска амбасада Меѓаши, која ја воделе Миланка Рашиќ и Марко Марк.
Сега, радио Бубамара објави слика од Драган, и тоа од 2000 година, во Универзалната сала, а сликан е заедно со Ѓоко Георгиев.