Кристијан Јандриоски – Кико, или како што ние најчесто го нарекуваме во насловите од текстовите „Стар ВМРО-вец од Ѓорче“, е познат лик во опозициската партија, долгогодишен активист од Ѓорче Петров.
Кога велиме стар, не се мисли на стар по години, туку по партиски стаж и придонес во партијата. Така барем сведочат луѓе кои го познаваат.
Популарниот Кико, е од оние членови на партија, кои за партијата „трчаат“ нè за да добијат некоја функција или привилегија, туку од срце, бидејќи си ја сакаат партијата, но и државата.
Поради тоа, тој многу често, знае да упати критики кон некои функционери на неговата партија, кои се тука само за да се догребат до некоја функција.
Токму за еден таков, денес се појави видео, како ја пее српската „Светосавска“ химна, а се претставува како голем патриот македонски! Но за него и за таквите како него, во друга прилика.
Кристијан – Кико, во пост на својот профил на социјалните мрежи, денес застана во одбрана на високиот функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој деновиве се соочува со критики околу неговото водење на Општина Аеродром:
„Брату, сакам само нешто да ти кажам. Може да те плукаат колку сакаат, може да фрлаат по тебе со дрва и камења, може да те оцрнуваат на секој можен начин кучињата платенички и гнасни.
Платени се за тоа, по тебе да лаат и да те деградираат, на сметка на оној кој дебело им фрла под рака. Сите тоа го знаеме.
Им сметаш на патот по кој тргнале, и со плаќање на плукачи само сакаат да си ја тргнат конкуренцијата.
Но едно да знаеш:
Таквиите како тебе, кои цврсто застанале зад семејствата на браќата во затвор кога најмногу паѓале, никогаш нема да се заборавени. Ни од мене, ни од браќата по зандани.
Ти си брате еден од нас, а ние ќе сме секогаш тука за тебе. Јас лично кренав раце од политичари, исто и браќата внатре, но никогаш нема да кренеме раце од оние кои биле тука кога се работело за живот и с мр-т.
А таквии како тебе се само неколку, и тие се од различна политичка гарнитура. И тие таквиите како тебе, ќе имаат некој кој ќе е спремен 24/7 да застане позади нив. Секогаш и секаде.
Брате мој глава горе и гази, само ти љубоморат кучињата вошливи скитници. Љубоморат и лаат, за после лаењето некој да им фрли парче сув леб.
Така и животот им помина во лаење, на таа багра себична, платеничка и усмрдена. Да си ми жив и здрав. Да е вечна Македонија!“