Српската актерка Анѓелка Прпиќ (37) речиси сите ја препознаваме заради улогата во серијата „Андрија и Анѓелка“, а таа важи за една од најталентираните млади српски актерки.
Благодарение на оваа серија актерката стекна огромна популарност, а самата велеше дека снимањето било мошне занимливо, но и напорно бидејќи речиси сите сцени со нејзиниот колега и добар пријател Андрија Милошевиќ морале да ги повторуваат и по неколкупати затоа што не можеле да се воздржат од смеење.
Сепак, додека успешно ја градела својата кариера, актерката се соочила со голем број проблеми на приватен план, затоа што нејзиниот сопруг тешко ги прифаќал интимните моменти и сцени снимени во филмовите и сериите каде што таа игра.
Со денови на големо се зборува за приватниот живот на актерката Анѓелка Прпиќ.
Веста за бременоста и врската со близок пријателк на поранешниот сопруг Дарио изненади многумина.
Анѓелка Прпиќ веќе некое време е главна тема во јавноста поради својот приватен живот бидејќи во медиумите излезе веста за нејзината бременост и тоа со најдобриот пријател на поранешниот маж.
Да потсетиме, како бом ба во медиумите одекна информацијата дека актерката чека бебе со извесен М.Ж. за која прво беше објавено дека им бил кум на неа и нејзиниот поранешен сопруг на нивната свадба. Меѓутоа, подоцна се покажало дека тој не им бил кум, туку дека биле најдобри пријатели.
Анѓелка Прпиќ често во јавноста отворено зборуваше за својот поранешен сопруг, задржувајќи ја интимноста за себе.
Анѓелка во своите улоги често е смешна и духовита, но нејзиниот поранешен сопруг верува дека таа воопшто не е таква во реалниот живот.
– Тој навистина мисли дека јас сум сосема поинаква од улогите – изјави таа во една прилика.
Дека сум досадна, неинтересна, се различно од она што го глумам. Тој е во стилот:
„Ти си една превара, луѓето не можат да сфатат колку ми е досаден животот со тебе“ – изјавила тогаш актерката, пренесува „Србија Данас“.
Анѓелка Прпиќ пред неколку месеци последен пат јавно проговори за својот поранешен сопруг. „Засекогаш ќе бидам во најдобри односи со мажот со кој имам син – изјавила во таа прилика.
– Ние сме пријатели и родители и ќе бидеме додека живееме – додаде тогаш Анѓелка за хрватскиот „Стори“. Анѓелка и Дарио беа во брак девет години и го имаат синот Јакша.
Сепак, иако во последно време ретко се огласува на социјалните мрежи, на Инстаграм се појави слика на која Анѓелка е блиска со мажот со кој медиумите ја поврзуваат и пишуваат за нејзината наводна бременост со него.
Имено, актерката Тихана Лазовиќ Трифуновиќ, инаку сопруга на Бранислав Трифуновиќ, на своето стори на Инста објави фотографија на која е со сопругот во друштво на Анѓелка Прпиќ и нејзиниот „нов избраник“.
Придружувани беа од водителката Марија Килибарда и Славко Белеслин, што е нивно прво јавно појавување заедно по многубројните гласини.
Откако беше потврдена среќната вест, Анѓелка не сакаше да дава изјави на таа тема, а се појави со својот избраник на градски настан. Идната мајка, која е во шестиот месец од бременоста, на настанот се појави во тесен црн фустан кој го покажа нејзиниот труднички стомак.
Цело време била придружувана од нејзиниот сакан, а насмевката не и ја симнале од лицето. Двајцата не ја криеја љубовта, па се прегрнаа пред другите гости и си разменуваа нежности, а имаше дури и бакнеж во јавност.
Колегите и пријателите на Анџелика постојано ѝ приоѓаа и и честитаа на бременоста, а некои дури и приоѓаа да ја галат по стомакот. Нема сомнеж дека актерката ужива во својата благословена состојба и новата љубов, а сега тоа и јавно го докажа и стави крај на сите шпекулации.