Naslovna Zivot По загубата на мајка си, Лидија Кочовска е пак насмеана- ова и...

По загубата на мајка си, Лидија Кочовска е пак насмеана- ова и дава сила да оди понатаму (ФОТО)

Минатото лето во Скопје, по долго боледување се упокои Невена Кочовска, легендарната пејачка на групата „Мањифико“, која го прошета целиот свет и пееше пред видни личности од политиката.

Невена беше сопруга на Панче Кочовски, со кој заедно пееше во овој ансамбл кој настапуваше исклучиво со мексикански песни, а мајка на познатата пејачка Лидија Кочовска и познатата актерка и пејачка Тања Кочовска.

Сестрите Лидија и Тања Кочовски, поминува тежок период, исполнет со тага и болка, но и голема борба.

Нивната мајка Невена боледуваше од Алцх ајмер, бол ест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање.

Во една емисија, Лидија Кочовска отворено зборуваше за болеста за својата мајка Невена Кочовска, која беше дел од познатиот ансабл „Мањифико“, заедно со татко и Панче Кочовски.

„Весламе, во целата ситуација гледаме нив да ги сочуваме. Со оглед на целата ситуација дома, се бориме и се трудиме да останеме во добро расположение, затоа што е тоа многу битно, се рефлектира“, рече Лидија.

„Не е лесно, но е возможно. Не дека секој ден може убаво да ти започне. Јас сум многу разочарана од нашето окружување, од сите луѓе. Очекував дека целата оваа ситуација ќе направи многу подбри луѓе од нас.

Оваа ситуација направи многу полоши луѓе од нас, што мене мнгогу ме разочарува“, додаде Лидија во емисијата Магазин на ТВ Сител, мислејќи на тогашната сопстојба со пандемијата.

Во интервју за Женски магазин, Лидија објасни зошто веќе не е дел ос естрадната сцена како порано.

-Се е замрено. Нема веќе фестивали, манифестации, емисии како порано. Прифатив учество на “Макфест” 2014 година, за цена на онаа љубов која ја имав, како моја матична сцена, фестивал кој бил познат и признаен на бившите југословенски простори.

Но, односот на организаторите и атмосферата беа очајни, а јас од тој настап и до ден денес ги немам добиено моите патни трошоци.

Од половината на осумдесетите па до 2000 година, беше идеален период. Бев присутна речиси на сите фестивали во тогашна Југославија и по распадот. Фестивалите беа причина за дружба, сите бевме едно, владееше љубов.

Живеевме за денот кога ќе започнат и со нетрпение го очекувавме секој нареден фестивал. Нема споредба со денес! Тоа беше златно време.

Кога нештата би мрднале од „мр-тва точка“ и би тргнало сѐ по нагорна линија, јас сум прва која со задоволство ќе се појави.

Сега сум присутна единствено на свадби и на приватни збиднувања (родендени, матури), настани каде што сум вистински почитувана и вреднувана.“, рече таа за својата кариера. Инаку, Лидија работи во Македонската опера и балет.

Таа имаше кусо брачно иксутво и тоа во Хрвастка, а на таа тема искоментира:

-По моето кусо брачно искуство, сфатив дека потписот не значи буквално ништо. Би живеела и во вонбрачна заедница, како што живее и половина западен свет, но најважно е човекот до мене да е мој лојален партнер.

Љубовта и поддршката се клучниот момент во остварувањето и во опстојување на вистинската релација“, изјави Лидија. Таа сега работи во Македонската опера и балет, во хорот на оваа и нстутуција.

Но, и пее поп музика, па така пеела на приватна забава на која биле собрани доста познати личности од бизнисот, и во едне момент додека настапувала, се опуштила и заиграла заедно со Тијана Скулиќ.

Ова го овековечила Миа Костова, пријателката на тијана, нашата позната водителка и инфлуенсерка. Секоја чест на Лидина што ѝ се врати волјата за живот и вербата во подобро, откако ја загуби својата мајка.

Музиката, но и семејството, пријателите, работата и ја даваат таа сила која се гледа дека кај Лидија и тоа како постои.