За Олга Костовска велат дека е единствена со стилот и дека има неверојатно чувство за уметност. Секако, тука е и нејзината хумана страна- им има помогнато на доста луѓе.
Олга Костовска, е позната во бизнис светот како претседател на надзорниот одбор на „Еуролинк“ и ќерка на бизнисменот Трифун Костовски. За оние кои не ја знаат многу, таа е една од најдобро облечените дами кај нас.
На нејзиниот роденден пред две години, организиран во винаријата „Камник“, Костовска се појави во розова тоалета,
надополнета со рачно везени златни мотиви со цветови. „Оскаровскиот“ фустан имаше длабоко, но суптилно деколте, а таа го надопони со впечатливи обетки и собрана коса.
Го собрала целиот македонски џет- сет, а луксузната прослава беше „зачинета“ со бенд во живо. Најблиските ѝ подготвиле специјално изненадување – нивна верзија на безвременскиот хит Simply The Best на Тина Тарнер.
Костовска за својата работа зборуваше во едно интервју за „Капитал“ и меѓудругото изјави:
-Се јавуваме во улога на активен поддржувач на македонската култура, уметност и образование, давајќи свој придонес во движењето на современите текови во македонското општество, и се обидуваме да бидеме поттик за сите оние кои ги негуваат вистинските вредности.
Во таа насока, реализираме проекти со трајна вредност кои добија свој одек во јавноста, а потврда за тоа е константниот интерес за учество во истите.
Посебен акцент ставаме на образованието како основа за создавање на добро едуцирани поединци.
Поддршката и енергијата кои ги вложуваме во овој важен сегмент во општеството, има за цел да им помогне на луѓето да се оспособат за да си помогнат самите себеси и на другите, да создадеме добро образовани генерации, кои ќе бидат носители на напредокот во нашето општество.
Веруваме дека за светла иднина треба да го познаваме сопственото минато и во тој контекст ги организираме туристичките разгледи со цел подигање на свеста кај пошироката јавност за сопственото археолошко и културно-историско наследство.
Го препознаваме значењето на македонските традиционални вредности, но важни се и современите текови во уметноста и затоа даваме поддршка на институции и настани како што се: Фестивалот Охридско лето, Македонскиот народен театар и Музејот на современата уметност“, рече Костовска.
Познато е дека нејзиното семејство доста држи до традицијата и до заедништвото. Трифун Костовски, на неговата веб страница детално раскажа за своето семејство за кое рече дека му е приоритет.
– Односот на мојот татко ме научи дека чистиот образ е најважен. Тоа беше мојот компас во животот. Така се воспитани и моите три деца.
Имам чесни деца кои се исправени пред себеси и пред своите семејства, со чесни намери, нивното човекољубие е евидентно присутно кај сите нив.
Семејството ми е приоритет. Здравјето и иднината на моето семејство секогаш се во фокусот на мојата визија. Татко ми беше авторитетот и најумниот човек во семејството. Мајка ми беше релативно помлада од татко ми, и тој ја имаше сета моќ да не воспитува.
Тој работеше во воената болница како администратор и платата беше таква што секогаш кога ќе се земеше, уште на први се правеше распоред. Што и колку треба. На пример пет кила брашно, две кила шеќер, три литри зејтин …
Се правеше комплетен домаќински распоред и на крајот се водеше сметка за тоа што ќе остане, затоа што децата растат, доаѓа нова школска година, што треба да се купи…
На тој план се штедеше многу и се водеше сметка. Моите родители не сакаа никому да бидат должни. Си ги пружаа нозете колку што им фаќаше чергата.
Татко ми беше израснат со самохрана мајка која во тие 1920-ти, 1930-ти години било многу тешко да обезбеди егзистенција за синот, поради што тој секогаш сметаше дека женското чедо тешко ќе се снајде во такви услови и подобро е да се имаат машки деца.
Така јас и брат ми останавме единствени деца на моите родители, и паметам дека мојот татко често и велеше на мајка ми: Олга, децата се милуваат додека спијат. Односот на мојот татко ме научи дека чистиот образ е најважен.
Тој умееше да каже „немојте да излезам на улица да слушнам лош збор или дека сте направиле некој беља, сте скршиле некој џам или некое стакло, сте мавале по улични сијалици“.
Или недај Боже да посегнеме по нешто туѓо. Тоа за него беше, и ден денес и во мене длабоко ми е врежано во мојата потсвест, како нешто што не смеам да го правам, ниту го прави моето потомство.
Инаку татко ми беше многу голем вљубеник во фудбалот. Вардар му беше во срцето. Тој после работа одеше на тренинг, а потоа дома го чекаше чашка ракија, малку мезе, па ручек.
Во семејството сите бевме песнопојци и сите пеевме. Првото радио татко ми го донесе 1956 година, а до тогаш со мајка ми, татко ми и брат ми навечер пеевме стари и убави песни.
Како сопруг сум совршен. Можеби звучи претенциозно, но така е. Не се мешам во домашните работи, односно не се мешам никаде каде што не ми дозволуваат. Уште од првите денови на бракот со мојата сопруга Драгица-Дизи, таа ми кажа: „Не сакам ниту да влегуваш во кујна, ниту да купуваш нешто“.
Кога ќе ме пратеше нешто да купам, не купував ништо како што треба. После кусо време ми рече „ти не си за на пазар“. Јас и одговорив дека сум израснат на пазар, на што таа ми рече „да, но ти си израснал од таа страна на тезгата, не од оваа“.
Како татко, мојот став отсекогаш бил да бидам нежен, меѓутоа принципиелен и на моменти ригорозен. Морам да кажам дека принципиелноста до некаде ми ја уб и мојата сопруга.
Вообичаено сум познат меѓу граѓаните како дарежлив човек, и апсолутно сè што имам во џеб ќе го дадам, и сопругата често пати ми префрлуваше со зборовите: ти штедиш на децата, не им даваш на децата, туку даваш на други. Тоа ме погоди.
Во времето кога го создавав целиот бизнис, најмалку бев дома. Бев одвоен од семејството, патував, имаше многу предизвици.
Бев одвоен од дома и знаев дека на децата кои бескрајно ги сакам, не можев да им дадам стопроцентно татковска љубов. Честопати мислев сметав дека со мали подароци треба да ја купам нивната љубов или почит, што сметам дека е погрешен пристап.
Секое дете си бара време кое треба да му се посвети. Забележавме дека времето кое јас и мојата сопруга му го посветивме на третото дете, многу се одрази на неговиот однос кон мене како татко, поинаку отколку кај првите две деца.
Јас се обидував да бидам строг татко. Но не бев строг … Мојата ќерка до нејзината шеста година мислеше дека јас ја родив“, рекол Костовски за својата ќерка Олга.
Со оглед на тоа што имав опе рација на дванаесетпалачно црево, имам лузна на стомакот, и кога ја прашуваа кој ја родил, таа одговараше „тато ме родил“, рече Костовски.
Костовски во една прилика објави слика од својата ќерка Олга и од својата мајка, Олга. „Моите две Олги. Мојата сакана ќерка и мојата сакана мајка„, објави тој под сликата на која се гледа колку внуката всушност си личи со бабата и дека од неа ја наследила убавината.
Олга сега поретко се појавува во јавноста, а нејзиниот Инстаграм профил е заклучен, но, вчера била на забава, заедно со Драгана Јаневска, исто така позната дама од бизнис светот, и Миа Костова.
Нашата позната инфлуенсерка Миа ја овековечила оваа средба и ја шернала на стори, и се гледа дека Олга изгледа убаво како и секогаш, и се оправдува она што нејзиниот татко го покажал минатата година, дека ја наследила убавината од својата баба.
Костовска ја славела семејната слава Свети Атанас, а на неа биле доста познати личности.
Покрај Драгана, тука била и Живкица Каленикова, потоа Миа како што споменавме погоре, а на некои сториња се гледа и преубавиот амбиент во просторот.
Пееле Лидија Кочовска и Маја Гроздановска- Паннчева кои Олга ги поканила да ги веселат гостите во оваа пригода.