Naslovna Zivot Овој успешен човек ѝ е поранешна љубов на Јелена Спенџарска- ова е...

Овој успешен човек ѝ е поранешна љубов на Јелена Спенџарска- ова е нивната приказна која заврши неуспешно

– Јелена е еден лик кој што сеуште трага по себе си. Работам веќе неколку години како водителка и дефинитивно се пронаоѓам во тоа“, изјавила нашата позната водителка Јелена Спенџарска во едно интервју за Точка.

-Интересно ми е да се појавувам на телевизија и стојам на ставот дека секој не може да се појави на ТВ екраните. Се сметам себе си за среќна личност, расположена сум, позитивна, заљубена. И сакам да ги правам среќни луѓето околу мене“, додала Јелена.

Познатата водителка на утринска програма и инфлуенсерка, Јелена Спенџарска шармира со својот изглед и природна убавина.

Водителката покрај на малите екрани, се повеќе внимание привлекува со своите објави на социјалните мрежи, објави Слободен печат во една прилика.

– Ако некогаш сум била ПРЕсреќна и ПРЕисполнета со работата која ја работам и општо,од сопствениот живот, денес беше тој ден.

Сериозно се обидувам да најдам зборови да можам да напишам долг пост за првиот ден на ова магично место, но НЕ!

За некои слики, места и доживувања НЕ СЕ ПОТРЕБНИ ЗБОРОВИ! Можете само да замислите какво е во живо. GRATEFUL сум до небото и назад“, напиша на Инстаграм Јелена минатата година, кога беше на патување на Сејшели.

– Толку многу работи се случуваат моментално во мојот живот и сега кога ќе си го вратам времето назад и ќе ги спојам сите точки -СЕ е толку очигледно и кристално јасно, но немаме трпение ! НЕМАМЕ… и токму од тука почнуваат сите наши проблеми во главата.

-Зошто не ме сака/ме излажа/ме изневери ? Зошто не сум среќна на работа?

Зошто јас не сум на нејзино/негово место? Зошто немам повеќе пари ? Зошто не сум поубава/повисока,послаба ?

Сите, апсолутно СИТЕ понекогаш губиме време на погрешни личности од пуста желба тие да се вистинските! Длабоко во себе знаеш дека тоа НЕ е тоа ама сепак свесно одлучуваш да маваш глава во ѕид !

Ако мислиш дека само тебе ти се случувале вакви работи од кои се чувствуваш лошо, NO girl, I’ve been there too…. и повеќето од луѓето кои ги познавам.

Секогаш си на вистинското место во вистинско време! Само што уште не си свесна во тој момент дека некои работи мора да се случат за да те однесат на поубаво место и дека животот за тебе има подобар план.

Моментот кога решив дека нема да се врзам за ништо и ќе пуштам се нека тече, што сака нека биде – ми се случи остварување на многу мои соништа. Just like that, bOOm! Дури уште не ми се верува колку било лесно !

Мислев којзнае уште какви не техники треба да применам, а всушност требало само да пуштам …. И ТИ го можеш истото!

Само ‘излези’ од твојата глава и престани да се сомневаш во себе! And let the magic happen!“, напиша таа на Инстаграм во една прилика.

Инаку, како што медиумите во една прилика пишуваа, пред многу години, и како што Јелена и самата изјави пред повеќе од 10 годин,и беше во врска со кошаркарот Ивица Димчевски.

Сега, поранешниот македонски кошаркарски репрезентативеце ново засилување на Фени 2010, објави клубот. Тој доаѓа од редовите на Еуро Никел и се очекува да биде значајно засилување за тимот на Денис Дервишевиќ во продолжението од сезоната.

Димчевски има големо искуство во Првата лига, претходно настапувајќи за Вардар, Торус, Куманово, Работнички, Струмица, Кожув и за Еуро Никел, објави Курир пред неколку дена.

Во една прилика, за својата љубов со Ивица, Јелена зборуваше за Точка и на прашањето: Како започна се? Како се запознавте?, таа одговори:

-Се запознавме на ФБ, јас го додадов во пријатели, сосема случајно, по грешка беше. И почнавме да си пишуваме за спортска, по некоја случајност јас играв во кладилница и он ми кажуваше утакмици.

Се видовме на кафе затоа што фати на спортска, па ајде да ме почасти и така се запознавме.

Прво се дружевме како пријатели, но полека тоа пријателство прерасна во љубов“, изјави Спенџарска.

За жал, таа приказна заврши неуспешно, а Јелена е сега во среќна врска со дечко од Грција кого го посетува во Солун за викенди. Ивица пак се ожени со убавата Изабела.