Антониа Гиговска пред да објави дека е бремена неодамна објави фотографија од својата совршена фигура, од фитнес сала. Антониа сега навистина изгледа совршено.
Антониа објави и стори, на кое е тазе нашминкана, со виткана коса, филтери, долги нокти и многу поинаква шминка од обично, па таа на оваа слика не личи на себеси воопшто, но изгледа супер, како Барбика.
Антониа Гиговска гостуваше во Подкастот „Тоа е тоа“ кој се емитува на Јутјуб и водителот, кој е инаку актер.
Жарко Спасовски меѓудругото ја прашуваше за Евровизијата со Тамара, за Пинк ѕвездички, а ја праша и дали ги чита лошите коментари за неа на социјалните мрежи, а таа одговори:
-Уф, па кој не ги чита… Читам се, само што не обрнувам многу внимание на тоа што мислам дека не треба да обрнам внимание. Допира, како да не. Има и некои коментари коишто се баш грозни, од вратни.
И јас го имам кажано тоа во едно интервју, се додека не ми ја вреѓаат фамилијата е супер. Кога ќе почне некој да ми вреѓа фамилија тоа многу ме боли, и не сакам да е тоа така, затоа што јас сум Антониа а они се моја поддршка, мајката и таткото на Антониа и братот на Антониа.
Они се тука да ме поддржуваат и така ќе остане и во добро и лошо. Не сакам никој да збори и да пишува лоши коментари за нив.
Имало такви моменти, и тоа баш ме повредило. Имало моменти каде што имав 33 кила плус отколку што имам сега..
Имало моменти каде што сум читала коментари, еве ја оваа де бела, гна сна, св иња… Јас во тој момент сум се сакала таква, сум се прифатила таква, но не значи дека тоа ќе остане така.
Ако јас мислам дека треба да го сменам тоа, односно да имам 33 кила помалце, јас ќе го направам тоа.
Нема потреба од такви коментари. А нон стоп гледам, и по Фејсбук. Рeтко, ретко отварам Фејсбук, ама секогаш кога ќе отворам, ми излегува некоја статија од некој портал“, рече Антониа Гиговска.
– Кога може една Дуа Липа да облече топче коешто изгледа на пр слук, можам и јас, може и Мартија, може и Лина. Сите гледаат што се прави по светот, а кога ќе облечам јас, ее, еве ја оваа. Ќе постирам некое видео кај што играм нешто, коешто е малку попровокативно.
И одма коментари: Еј, види ја оваа. Имам една слика пред да ослабам, у лето ја имам ставено сликата, и сум во бикини, на одмор.
Таква слика има и Дуа Лиша, ама за Дуа Липа нема ништо да кажат. И таа слика има 5.000 препраќања“, рече Антониа и додаде дека таа успеала во музиката и по тоа сака да е препознатлива.
Потоа таа зборуваше и за својот дечко, Иван од Либерo бенд. „На моја среќа, ја работиме истата работа, и ме разбира. Никогаш немало проблем дали ќе се приберам, во 5, во 6, со кого сум, како сум, и од таа страна ми е многу лесно.
Антониа Гиговска неодамна го прослави својот 22. роденден на Копаоник. Посебен роденден кој ќе остане во сеќавање на младата пејачка.
На раката на Антониа заблеска голем веренички прстен, но тоа не е најголемата вест. Пејачката ја изненади јавноста со веста дека е во блажена состојба и наскоро ќе се оствари во улогата на мајка.
„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден за мене и погодете кој ќе биде мајка.
ПС: Прстенот го бирал САМ. Си славам. Роденден, бепче, прстен, сè“, напиша Гиговска вo објавата на Инстаграм.
Антониа покрај прекрасните вести го откри и нејзиното момче, Роберт Спасенцовски со кого е во љубовна врска неколку месеци, а кој дел и од нејзиниот бенд.
Младиот музичар Роберт е син на фолк-пејачот Боби Спасенцовски, кој на македонската јавност е познат по неговите настапи на многу фестивали за фолк-музика.
Антониа го снимила својот иден девер Александар како снима во студио, и напишала: Ставил „Не вознемирувај“ на врата.
И Александар, како и Роберт, неговиот брат се музичари, а и нивниот татко Боби е пејач. Па така, Антониа, како идна снаа се одомаќила во нивното студио и во нивниот дом.
А како што Боби Спасенцовски претходно изјави, Антониа често доаѓа кај нив и играат карти, а тој Антониа ја гледа како ќерка, и по тоа веднаш се гледа колку ја скаат идната снаа.