Naslovna Zivot Го снема па пак е актуелен- Сергеј Варошлија радосен, заигра во нејзино...

Го снема па пак е актуелен- Сергеј Варошлија радосен, заигра во нејзино друштво, едено нешто кај него не се менува (ФОТО)

Познатиот стилист и ТВ-водител, Сергеј Варошлија кој со своите емисии и коментарите кои што ги даваше во неговите емисии привлекуваше многу внимание, го снема од јавноста.

Откако Боки 13 заврши зад ре шетки, неговиот добар пријател но и моден ангел чувар, Сергеј Варошлија како да се повлече од јавниот живот. Знаеше само повремено да се огласи со по некој статус на своите профили на социјалните мрежи.

Емисијата на „модниот гуру“ му заврши пред случајот „Рек ет“ и да почне, па уште оттогаш не го гледаме на ТВ екраните.

Потоа, видовме дека дружбата со Боки 13 тече по постираните фотографии и видеа од разни локации, најчесто од Грција и грчките плажи.

Варошлија стекна огромна популарност во Македонија. Едни сметаат дека е интересен и му делат позитивни коментари и комплименти, додека други го критикуваат, а мал дел од тие кои ги објавуваше тврдеа дека се подготвени и да го ту жат.

“Поминаа 4, уште малку 5 месеци како слушам и читам га дости и полувистини и ом раза… Убавата страна никој не ја гледа … Скоро и да се заборави дека тој, Бојан Јовановски- Боки 13, Боки тредичи.. и со какви се уште надимаци го нарекувате, нав редувате, по тој кој што од вашата уста се сее само ом раза со најпогрдни зборови.

Истиот тој беше невиден визионер, со невиден сенс за медиуми,

истиот тој ја направи 1ТВ најгледаната телевизија за само една година, заради тоа што знаеше што народот сака да гледа и истото тоа да го понуди во една различна и иновативна тв форма.

Од студио до сценографија, собирајки ги сите звучни имиња во секоја област како соработници , а да не зборам дека СИТЕ беа и сакаа да се гости во истата таа телевизија!

Никој не зборува дека 1ТВ понуди различна тв форма, уникатна, што постави нови стандарди во медиумите!

Стандарди што тешко кој медиум ќе ги достигне, а камо ли надмине ! Бојан имаше идеја … а идеите се отпорни на се! Идеите го менуваат светот!

За жал од 1ТВ остана само неговата визија, тага, и 100 луѓе без работа … нормално и за тоа на никого да не му е галје … побитни се негативните коментари отколку позитивната страна нели…

А за мене … тука сум не се секирајте.. ке се вратам наскоро со нови високи критериуми и во полн сјај!

П.с многу луѓе – малку луѓе “, напиша Сергеј на својот профил на социјалните мрежи.

Варошлилја минатата година преку својот Фејсбук профил, со емотивен статус се огласи за својот добар пријател Боки 13.

Миа Костова гостуваше во емисијата Sergej Reinvented со Сергеј Варошлија на Јутјуб и на почетокот Варошлија реќе дека нема да ја праша Миа колку заработува од Инстаграм, дали има вла кна на јазик и за нејзината љубовна ориентација.

Потоа Миа откри дека Сергеј ја натерал да стане блондинка, кога се сликала за насловна страница за едно списание и рече дека тој работите ги гледал однапред , и ја натерал да ја направи вистинската работа.

Потоа, Миа зборуваше за телевизијата како медиум, и дека во моментов телевизијата како да не постои, затоа што таа не знае да наброи три работи кои одат на телевизија, затоа што нема естрада, никој ништо не работи и водителите немаат кого да викнат на гости.

Потоа Сергеј праша зошто кај нас нема една Северина, една Карлеуша, зошто во Македонија не се создава таква ѕвезда и ја праша Миа:

Дали можеби се срамат, а потоа ја спомена Елена Ристеска. Како Елена Ристеска: Ау, соши ми го шлицот! На фестивал дува ветер жено. Така ја упропасти кариерата!

Потоа, Миа и Сергеј го коментираа стајлингот на Миа а Сергеј избра три нејзини омилени фотографии. „Јас сум тазе станата од спиење, исплакната само, имам еден црвен кармин и сликана сум пред зграда.

Овде под фустанот имам чизми коишто ми се многу удобни, немам салонка“, рече Миа една од своите три слики.

Потоа Сергеј го критикуваше стајлингот на Миа од нејзината матурска каде што таа не сакала да облече фустан туку била во шушкави панталони, и исто така една слика од снимање каде што е таа во син краток фустан, а Сергеј ја прашува: Какво робиче е ова?

Потоа се појави уште една слика од Миа за која таа рече: Лелеее, со таа корпа за велигденски јајца на глава!

Ова е многу одамна. На следната слика, Сергеј рече: Кукала ми мајка! Покажаа и слики со Сергеј, каде што Миа е со пунџа, а Сергеј рече: Овде сме дрпнати!

Се појави и слика од Миа каде што е облечена во бело, и на Сергеј му заѕвони телефонот и тој рече:

Соња Тарлуловска ли е? Потоа ја пуштија песната „Во бело“ а Сергеј и Миа се насмејаа на стиховите: Кријам солзи испод велот“. Сега, е мисијата Sergej Reinvented не се емитува на Јутјуб, а тој е послабо активен во јавноста.

Сергеј се појави на стори кај Миа Костова, која е негова пријателка, а заигра во друштво на Тијана Скулиќ, добрата пријателка на Миа на забава на која биле заедно.

Се гледа познатиот стилист воопшто се нема сменето, го задржал имиџот по кој е познат.